Во бразилскиот град Котија, вчера беше ограбено семејството на Бруна Бјанкарди, девојката на напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар.
Детали за грабежот објави „O Globo“. Непознати лица упаднале во станот, вперувајќи пиштоли кон мајката на Бјанкарди. Разбојниците одзеле накит, часовници и дизајнерски предмети во вредност од околу 120.000 долари.
Освен тоа, напаѓачите прашале каде се наоѓа девојката на Нејмар, Бруна Бјанкарди и нивната новородена ќерка.
– Тие побараа од жената да каже каде има пари. Жената сведочеше дека сефот е празен. Еден од разбојниците прашал: „Зар тештата на Нејмар нема пари дома?“ И таа рече: „Како што рековте, јас сум тештата, јас не сум тој, соопшти портпаролот на тимот што го истражува случајот.
Подоцна Нејмар и Бјанкарди на социјалните мрежи објавија дека се е во ред со нив. Нивната ќерка Мави се роди на 7 октомври.