Плочата на која беше прикажана карта на „голема Албанија“ лоцирана пред меморијалниот центар во Сопот, е отстранета, објави Сител телевизија, пренесе Слободен печат. Сега пред објектот е останат само каменот на кој била закачена мермерната плоча со спорната карта.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, викендов, во кумановоското село Сопот, го отвори меморијалниот центар на УЧК, пред чиј влез беше поставена мермерна плоча со картата на „голема Албанија“, што предизвика бурни реакции во јавноста.
„Ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно. По влегувањето во НАТО, за нашата држава релевантни се мапата на земји членки на НАТО и на обединета Европа со отпочнувањето на преговорите со ЕУ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот.
Поврзано:
Ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно, вели Ковачевски