ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска на средба со бугарскиот колега Крастев: Културната соработка меѓу двете земји се зацврстува и добива регионално значење

November 10, 2023 13:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на маргините на 42. Генерална конференција на УНЕСКО, која се одржува во Париз, се сретна со својот бугарски колега, министерот за култура Крастју Крастев.

Во пријателска атомосфера, на средбата стана збор за традиционално добрата и континуирана соработка меѓу двете држави, која се одликува со размена на голем број проекти и активности. Соговорниците се согласија дека културата е мост на пријателство меѓу двете држави, а во таа насока треба да продолжи соработката и во следниот период.

На средбата беше истакнато дека билатералните средби на министерско ниво говорат за квалитетот на соработката меѓу институциите и реализација на големи настани од регионално значење, како што беше изложбата за јубилејот на локалитетот Требениште, која наиде на одличен интерес кај бугарската јавност, како и претстојната „Сребрена Тракија“, која следната недела ќе биде отворена во Археолошкиот музеј во Скопје.

Беше истакната и соработката на институциите од двете држави, како и размената на проекти на Националната опера и балет и Велешкиот театар со сродните институции во Бугарија.

Стана збор и за добрата комуникација што ја имаат Културно-информативните центри во Софија и во Скопје, како и за идеите за поинтензивна промоција на македонската и на бугарската култура, имајќи предвид дека годинава се прославуваат 20 години од постоењето на македонскиот КИЦ во Софија.

Костадиновска-Стојчевска и Крастев разговараа и за активностите поврзани со процесите на УНЕСКО и за идните можности за соработка во рамките на иницијативите на Организацијата. Беа разгледани и можностите за техничка поддршка во процесите од областа на културата за имплементирање на проектите на евроинтеграцискиот пат на нашата држава.

Next Post

Премиерот Ковачевски учествува на 6-от Париски мировен форум

НАЈНОВО

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“

August 20, 2025

Книжевна вечер со Капка Касабова во „Буква“

August 20, 2025

(ВИДЕО) „Јасен“ се уште гори, борбата со големиот шумски пожар продолжува

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk