ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грашеска Илиеска: Се кратат парите за асфалтирање и за улично осветлување со ребалансот на буџетот на Општина Прилеп

November 13, 2023 14:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на општина Прилеп Моника Грашеска – Илиеска вели дека со ребалансот на буџетот на Општина Прилеп се кратат парите за асфалтирање и за улично осветлување.

„На месец и пол пред крајот на 2023, на 45 денови пред гласањето на буџетот за следната 2024 година, Советот на општина Прилеп ќе носи ребаланс на буџетот за тековната година. Ова е најдобриот доказ за неодговорното и недомаќинско работење на локалната власт на чело со ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, како и за нивното двегодишно лошо и нестручно менаџирање на парите на граѓаните“, истакна на денешната прес-конференција Грашеска – Илиеска.

Таа вели дека „предложениот ребаланс истовремено го открива целото лицемерие на Јовчески и ДПМНЕ и ги разобличува нивните лаги за односот на централната кон локалната власт.

„Со ребалансот, дотациите од Владата кон Општина Прилеп се зголемени за повеќе од 48 милиони денари, или за близу 800.000 евра. Наспроти тоа, буџетските приходи на основниот буџет се намалени за 8.5 милиони денари. Градоначалникот Јовчески треба да има доблест да признае дека сето она што се прави во училиштата е резултат на владините блок дотации, кои за основните општински училишта се повисоки за 500.000, а за средните училишта за 200.000 евра. Наместо за проекти од интерес на граѓаните, ДПМНЕ и Јовчески од општинскиот буџет трошат 450.000 евра за нови привремени вработувања на партиски војници, роднини и пријатели“, вели Грашеска – Илиеска.

Таа нагласува дека „се кратат парите и за трипати најавената „градежна офанзива“, лага која се распрсна како меур од сапуница“.

„Со месеци наназад прилепчани реагираат дека и покрај тоа што редовно плаќаат за улично осветлување, градот е потонат во црна темница. Ребалансот на буџетот кажува дека не само што состојбата нема да се подобри, туку ќе оди на полошо, бидејќи градоначалникот и ДПМНЕ дополнително ги намалуваат средствата за јавно осветлување дури за 8 пати – од 3.1 милион, на 400 илјади денари. Она што неизбежно треба да се потенцира, е кршењето на законите од страна на градоначалникот при подготовката на Предлог планот на развојните програми. Конкретно, иако во Законот за буџети е децидно кажано дека програмите за развој до Советот на општината се доставуваат најдоцна до 20 октомври во тековната година, Јовчески го прекрши законскиот рок за повеќе од 20 дена. Да биде трагикомедијата поголема, надминувањето на законскиот рок не беше заради изработка на нови проекти во функција на подобрување на условите за живот во градот и населените места. Напротив – нема нови проекти, нема нови идеи. Благодарение на некадарноста и безидејноста на локалната власт на ДПМНЕ, на градоначалникот Јовчески и неговата паралелна администрација, трета година со ред до општинскиот Совет се доставуваат истите развојни програми кои никако да го здогледаат светлото на денот. Меѓу нив е, се разбира, и легендарната катна гаража ветена за изградба во 2022,  во 2023 и сега повторно за 2024 година“, истакна Грашеска – Илиеска.

Next Post

Бензините поевтинуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео X

(ВИДЕО) Руска ракета ја погоди амбасадата на Азербејџан во Кијив

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

(ВИДЕО) Автомобил удри во група луѓе во Белград, неколку повредени

November 14, 2025

Автобус удри во автобуска постојка во Стокхолм, има загинати

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk