ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ Прилеп: За само две години, ВМРО-ДПМНЕ и Јовчески го уназадија Прилеп како никој досега

November 13, 2023 12:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Не постои граѓанин на општина Прилеп кој без разлика на политичката идеологија и партиската припадност, не го констатирал она што е јасно како ден: дека за само две години, ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески го уназадија градот и населените места како никој досега“, на прес-конференција истакнуваат од СДСМ Прилеп.

Оттаму нагласуваат дека „уште во изборната кампања за последните локални избори, СДСМ предупредуваше дека Јовчески нема капацитет да ја води Општина Прилеп; дека неговата изборна програма е обичен памфлет, листа на желби кои ниту тој, ниту партијата која го кандидираше, ДПМНЕ, не можат да ја реализираат; дека препуштањето на локалната самоуправа во рацете на човек кој нема елементарни познавања за функционирањето на институцијата, ќе им се врати како бумеранг на граѓаните на Прилеп“.

„Денес, две години после неговиот избор за “татко“ градот, фактите кажуваат дека сме биле во право. Прилеп е затрупан во ѓубре и потонат во мрак. Улиците како швајцарско сирење, урбанистичкиот хаос видлив на секој чекор. Цените на комуналните услуги драстично покачени, данокот на имот зголемен и до 5 пати, а јавните претпријатија преживуваат од ден за ден. Заради неспособноста на Борче Јовчески и ДПМНЕ, за 252 дечиња вратите на новата градинка и натаму се затворени. Нема бесплатен оброк за учениците до четврто одделение, ниту училишни униформи за децата од социјално загрозените семејства. Наместо во нови проекти за развој на градот и населените места, 50 милиони евра буџетски средства се фрлени во ветер, од кои 700.000 евра за привремени вработувања на партиски војници на ДПМНЕ. Спортот е уништен, очекувањата на граѓаните изневерени. Кажано со еден збор, резултатите од двегодишното владеење на Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се – НУЛА“, Затоа, господа од ДПМНЕ, немојте да се чудите што како кула од карти ви се распадна обидот за масовна мобилизација на партиските членови, со цел во што поголем број да го пречека вашиот партиски лидер. Тоа што  во Прилеп Христијан Мицкоски доживеа фијаско, што немаше со кого кафе да пие, е последица на незадоволството на вашето членство произлезено од неспособноста, како локална власт, да ги решавате проблемите на граѓаните на општина Прилеп! Почитувани локални челници на ДПМНЕ и на Општина Прилеп – не ве бива!“, велат од СДСМ Прилеп.

Tags: Борче ЈовческиВМРО-ДПМНЕПрилеп
Next Post

Во болницата Ал-Шифа во Газа новороденчиња извадени од инкубатори се завиткуваат во фолија за да ги одржат во живот

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk