Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.
И во вторник ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови повторно се очекуваат врнежи од дожд.