„Во сите анализи Чебрен е исплатлив доколку продава цена во највисоките побарувања, тогаш цената е највисока“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Слободен печат“.
Тој додаде дека идејата за проектирањето на Чебрен отсекогаш била да се продава струја по најскапа цена, а да се купува навечер кога има вишок во термоелектраните и е поевтина.
„Проектираниот временски период за изградба е околу 7 години, но се зависи од инвеститорот. Концесијата е дадена на 60 години согласно законот за води“ рече Андонов.
Тој објасни дека обврска на инвеститорот е да ја изгради Чебрен, а државата нема да дава никакви пари, без разлика колку ќе чини изградбата. „Бидејќи имаше тези еве тие намерно ставиле милијарда за ЕСМ да даде 330 милиони. Тоа не е така. ЕСМ учествува со пристапен пат, изградба на приклучок на мрежа, експропријација на земјиште и студија за животна средина и Тиквеш“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Слободен печат“.