ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Соопштение од Министерството за правда во врска со Извештајот за работа на јавните обвинителства за 2022 година

November 15, 2023 14:36
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со мислењето на Министерството за правда за Извештајот за работа на јавните обвинителства во Република Северна Македонија за 2022 година, Министерството за правда известува дека целта на даденото мислење по Извештајот е да се лоцираат слабостите кои се појавуваат во јавнообвинителската организација заради преземање соодветни мерки за нивно надминување.

„Согласно воспоставената практика вакви мислења Министерството за правда дава секоја година по годишните извештаи на Јавното обвинителство. Би сакале да истакнеме дека констатираните слабости во постапувањето на јавното обвинителство  се веќе содржани во повеќето документи од меѓународните организации, што е и цитирано во мислењето на Министерството за правда.

Во однос на конкретните констатирани слабости, Министерството за правда нагласува дека еден од приоритетите за наредниот период е зголемување на ефикасноста во справувањето со корупцијата и криминалот, а посебно со неговите организирани форми. Во таа насока се и нашите дадени сугестии во мислењето заради преземање конкретни мерки и активности за постигнување на наведените цели.

Би сакале да ја истакнеме досегашната одлична соработка со јавното обвинителство на различни нивоа. Прво, јавните обвинители активно се вклучени во изготвувањето на сите закони во сферата на казненото право и давааат исклучителен придонес за дефинирањето на конкретните законски решенија.

Исто така, Јавното обвинителство активно соработува во реализацијата на бројни проекти со Европската унија и други меѓународни организации во процесот на нашата Евроинтеграција. Овде особено би ги споменале проектите за имплементирање на информатичката технологија во јавното обвинителство, за што Министерството за правда става посебен акцент при нивното приоритизирање и реализација. Соработката на Министерството за правда со Јавното обвинителство е на исклучително високо ниво и во постапките за меѓународна правна помош по кои секојдневно постапува Секторот за меѓународна правна помош во рамките на Министерството за правда.

Со надминувањето на предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство, а кои се нотирани како сугестии во нашето мислење по Годишниот извештај за нивната работа, ќе се постигнат зацртаните цели за зајакнување на самостојноста на јавното обвинителство и зголемувањето на ефикасноста во нивното постапување, особено преку забрзување на водењето на истражните постапки“, истакнуваат од Министерството за правда.

Next Post

Лажно фото и монтирано видео предизвика говор на омраза кон министерката Петровска

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk