ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ PMD

Министрите во улога на портпароли

Како се трансформираше комуникацијата меѓу властодршците и јавноста? Како се случи социјалните мрежи да ги заменат медиумите во процесот на објавување „владини“ вести? Дали крајната транспарентност на премиерот Заев беше најдобриот метод за комуникација со медиумите а преку нив и со јавноста? Зошто министрите се јавуваат во улога на портпароли, додека многу министерства и институции немаат портпароли?

November 16, 2023 10:49
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АРТА ТАХИРИ

Во ерата на социјалните мрежи и онлајн новинарството, доколку некој настан се случи, а не се појави на порталите, на Фејсбук, Твитер или Јутјуб, е исто како воопшто да не се случил. Ова порано се велеше за традиционалните медиуми, како печатот, радиото и телевизијата.

Политичарите веќе сфатија дека ако нивните активности не се прикажуваат во медиумите, нови или традиционални, тие не влијаат позитивно на нивниот политички и јавен имиџ. Ние, меѓу другото, реално живееме во ерата на слики, односно на формата, а не на содржината и суштината. Се разбира, ова не е само резултат на пропагандниот пи-ар (односите со јавноста) на политиката, туку е производ на многу фактори, кои влијаат за да имаме една реалност на слики, која се разликува од објективната реалност.

Сфаќајќи дека политиката без медиуми е едно големо ништо, политичарите му придаваат големо значење на нивното јавно „брендирање“, додека често нивниот успех не зависи од работата и постигнатите резултати, туку од бројот на објави на социјалните мрежи или од количината на вести во онлајн медиумите.

Се разбира, не би било коректно, ако во овој контекст не го кажеме фактот дека и медиумите, без да следат, толкуваат и анализираат политика, не можат да опстанат професионално и не би биле толку интересни за јавноста, особено што низ децениите, поради многу историски и општествени околности, се култивираше една политизирана публика.

Поаѓајќи од големото значење на медиумите, некои политичари ги надминаа границите на јавната комуникација, а особено со медиумите. Таков беше премиерот Зоран Заев, кој со ентузијазам поради фактот дека успеа да стане премиер, реши да комуницира директно со новинарите од различни медиуми, на кои одговараше секогаш кога имаше слободно време, дури и во доцните ноќни часови. Сето тоа го правеше во име на транспарентноста и добрата волја да ја информира јавноста за одлуките на Владата и за неговите ставови како премиер.

Ваквата практика Заев ја примени не само со новинарите, туку и со граѓаните, а како резултат на тоа се прошири познатата реченица „Зборено е со Заев“! Па така, новинарите ги заобиколија портпаролите, шефовите на кабинети, советниците, министрите, вицепремиерите и директно комуницираа со премиерот, а тој требаше да има одговори за многу сфери и за сите проблеми на граѓаните. Надреално!

Секако дека премиерот, кој и да е, не е „супермен“ и нема решение или одговор за секој проблем. И покрај личната желба и добрата политичка волја, толку големата „транспарентност“ на првиот човек на власта беше претерана. Оваа комуникација, надвор од соодветната премиерска транспарентност, дури и во земја како Северна Македонија, беше прекината по „пранкирањето“ (комуникациската стапица), што му го направија на премиерот на Северна Македонија две лица од Украина, познати по оваа нивна улога, затоа што Заев не беше првиот што беше „жртва“ на двајцата „пранкери“.

Од друга страна, го имаме моделот на министри кои прават агресивен ПР, бидејќи секоја активност и изјава, интервју или дебата го придружуваат со текст, односно соопштение, а пред сè со многу фотографии на социјалните мрежи. Дури и кога ќе се сретнат меѓу себе, иако се од иста политичка партија! Сепак, мора да се каже дека има некои одлуки кои може да се покријат медиумски само со соопштенија за медиумите, но има и некои други, за кои е потребна средба со новинарите, за да се објаснат дилемите што може да постојат во јавноста.

За настаните, проектите или одлуките си најавуваат самите на социјалните мрежи, дури и пред мас-медиумите и, на овој начин, ја преземаат улогата на портпароли на министерствата, се разбира, доколку ги имаат.

Со исклучок на Министерството за внатрешни работи, не може да се сетам на име на ниту еден портпарол на ниту едно министерство, и покрај тоа што знаеме дека во одредени министерства е ангажиран голем број „пиаристи“ кои објавуваат владини соопштенија.

Ниту другите државни и јавни институции не се подобри. На пример, не знаеме кој е портпаролот на Собранието на Северна Македонија, најрепрезентативната политичка институција, која ја нарекуваат „дом на граѓаните“?

Затоа, една власт, која се стреми да биде транспарентна, мора да дизајнира нова стратегија за институционална транспарентност, која ќе предвидува големите вести да ги соопштуваат премиерот и министрите, но соопштувања треба да има и од портпаролите.

За крај, ние новинарите знаеме дека здравата комуникација со јавноста не е само демократски стандард, туку и законска и уставна обврска. Верувам дека политичарите ќе го научат златното правило на демократијата. Ако не, ќе докажат дека демократијата и транспарентноста имаат служат како политички формулации, кои ги користат само во форма на флоскули.

(Авторката е уредник на вести во ТВ Алсат)

Извор: СМК

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk