ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Вицепремиерот Битиќи во „Лабараториум“: Иновативноста и креативноста се клучни за развој со додадена вредност

November 17, 2023 12:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Вицепремиерот Фатмир Битиќи го посети „Лабараториум“, компанија од делот на креативната индустрија која во центарот на градот има простор наменет за развој на култура на иновации и креативност.

При обиколката на просториите на „Лабараториум“ вицепремиерот Битиќи од страна на сопствениците Дејан Милевски и Владимир Митрески беше запознаен со бизнис моделот базиран на иновативност и на развој на креативноста и културното изразување.

Притоа, заеднички беше оценето дека развојот на креативните индустрии, со нивниот капацитет генерираат нови идеи, производи и услуги, кои ја развиваат културата на иновации, кое добива се понагласено значење за регионалната и глобалната конкуретност на економијата на Северна Македонија.„Ме радува тоа што младите добиваат ваков простор, кој создава можност за следните генерации, својата креативност да ја насочат во оваа индустрија која е во подем во светот и да создаваат додадена економска вредност овде во Северна Македонија“, рече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи, додаде дека културните и креативните индустрии за првпат од осамостојувањето на државата се опфатени со кохерентна стратешка рамка на културните и економските политики во Националната стратегија за развој на културата (2023-2027), која е во финална фаза на изработка, каде овие индустрии се поставени во една од трите приоритетни области.

„Со ова правиме системски исчекор кон нивно разбирање не само од аспект на творечка и уметничка вредност, туку и од аспект на економскиот ефект кој може да го имаат во општеството“, рече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека придобивките кои креативноста ги содржи за економијата, Владата ги развива и преку Националната развојна стратегија.

„Националната развојна стратегија (НРС) со која се поставува дваесетгодишна визија за развојот на државата, има за цел Северна Македонија во следните 20 години да прерасне во земја со развиена, зелена, иновативна и ефикасна економија, со мотивирана и квалитетна работна сила, која ќе бележи континуиран прогрес и одржлива конкурентност, и ќе биде агилна на глобалните трендови“, рече вицепремиерот Битиќи на средбата со менаџментот на „Лабараториум“.

Tags: „Лабараториум“Битиќи
Next Post

Северна Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk