ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Плови мирно капетане, вечна нека ти е славата

November 19, 2023 11:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БОЈАН МАРИЧИЌ

Вчера го испративме Илија Жупаноски. Нашиот Иле.

Кога го запознав пред 25 години низ дебатната програма на МОФ- уште на свои 17 години беше ментор, тренер, насочувач, лидер. Беше неуморната сила на дебатната програма на МОФ. Водеше дебатни клубови, па ја водеше цела дебатна програма, а три години беше лидер на МОФ, најголемата младинска организација во Северна Македонија. Создаде многу генерации успешни и тренирани интелектуалци кои се денес видни луѓе во општеството и по светот.

Кога никој од нас не веруваше дека млади деца од 20 години можат да организираат Светско дебатно првенство во Северна Македонија, тој го формираше тимот и го организираше тоа првенство токму во саканата Струга. Веруваше во големи работи и нè водеше кон големи работи. Овие денови добивме пораки од цела светска дебатна заедница со нивните убави спомени и емоции од Иле. Тоа значи дека Иле остави глобален траг во оваа и во многу други интелектуални заедници. Траг кој засекогаш ќе остане вреден и важен.

Економијата и претприемништвото му беа и професија и пасија. Постојано со нови идеи за развој, за соработка, за иновации. Идеи за бизнис, идеи за движење напред, идеи дека можеме да сме подобри во се што правиме.

Најголем дел од своето време му посвети на општеството. На демократијата, на прогресивните идеи, на критичкото мислење, на транспарентноста и отчетноста, на новите медиуми, на борбата со дезинформациите. Не пропушти ниту една важна општествена битка во последните десет години, и сите ги доби. Сите освен битката да се чува себеси повеќе. Битка за која многу пати заедно зборувавме, но не направивме доволно. Не затоа што не сакавме, туку затоа што пожртвуваноста, посветеноста, професионализмот и мисијата беа поважни од се.

Во последниве години има државна – патриотска мисија. Ја штитеше својата држава од хибридни и дезинформациски напади. Тој е најдобриот во Северна Македонија кога се во прашање трендовите на социјалните медиуми и безбедната комуникација преку интернет.

Нашиот Иле многу го сакаше животот и беше голем хедонист. Од мал помагаше на родителите и на фамилијата во водењето на националниот ресторан Билјана, на кој беше особено горд, а последниве години истражуваше во кулинарството и подготовката на неверојатни домашни оброци околу кои ги собираше сите.

Посебна љубов му беше- Струга, родното место на неговите родители. Како поранешен ватерполист уживаше да плива, кајчиња возеше за да им покаже на сите наши деца што е вистински капетан на брод, сакаше да лови риби – уживаше со семејството и со другарите кога одеше во Струга.

А за тоа каков другар беше навистина не постојат зборови. Знаеше да ги собере и оние кои со години не се виделе, сакаше да ги помири сите. Во секој од нас го гледаше најдоброто. Грешките ги бараше во себе, а на другите сè им простуваше.

За сите се грижеше и сакаше да се собираме, да се дружиме, да се смееме, да разговараме, да сме заедно. Беше вистински ангел. Добриот дух на нашето друштво. Кога сите паѓавме тој не’ креваше, кога се кревавме тој нè креваше уште повисоко.

Правеше секогаш се и за секого. Иле беше чиста ДОБРИНА, чиста ЉУБОВ, чиста СИЛА и чиста ДУША. Тој беше и засекогаш ќе остане добрината, љубовта, силата и душата на неговото семејство, на нашите семејства, на нашето друштво, на нашиот тим, на сите нас.

Беше тука за секој од нас. Посветуваше многу време на поддршка на луѓето околу себе. Беше чувар. Столб дома, столб со другарите, столб со колегите. Најдобриот меѓу нас, најдобриот за нас, најдобриот со нас. Најдобриот Иле.

Ни остава сериозна мисија и многу планови – ние, неговите луѓе ви ветуваме – ќе најдеме начин да ја продолжиме неговата мисија – ќе вложиме и време, и енергија, и љубов, и знаење и искуство – имаме обврска да ги претвориме во проекти и иницијативи идеите кои заедно ги создававме за подобро општество, за повисока граѓанска свест и за поодговорни институции.

Плови мирно капетане, Вечна нека ти е славата.


Текстот е објавен на Фејсбук профилот на Бојан Маричиќ
Next Post
Бранко Тричковски

Сите ќе наебеме во војната меѓу долгоушестите и краткоушестите Македонци

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk