ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Телеграф: Русија издавала станови во Прага за да ја финансира инвазијата во Украина

November 21, 2023 21:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија изнајмувала станови во Прага на туристи, користејќи веб-страници за изнајмување за да помогнат во финансирањето на војната на Владимир Путин во Украина, објавија чешките власти. Владата ги замрзна руските имоти кои беа издавани на станари за готовина.

Користењето на речиси 150 станови за комерцијални цели, наследство од времето кога Чешка се наоѓаше зад Железната завеса, беше контроверзна дури и пред инвазијата во 2022 година. Руското изнајмување имот првпат го разоткри чешкиот весник Деник Н во 2019 година, пишува Телеграф. Весникот објави дека два стана се огласени на booking.com и други на чешки веб-страници, но нема индикации дека агенциите знаеле дека се во руска сопственост.

Минатата среда Прага ја додаде руската владина агенција „Goszagransobstvennost“ на својата национална листа на санкции на предлог на Јан Липавски, чешкиот министер за надворешни работи. Оваа агенција управува со руски недвижен имот ширум светот и е директно под надлежност на Путин.

Липавски изјави за Телеграф за време на неговата посета на Лондон дека „Путин ги контролира средствата, а Путин е извршител на брутална, империјалистичка војна против Украина. Целта на санкциите е да се забрани употребата на парите собрани од користењето на имот за поддршка на руските воени дејствија против Украина“.

„Мојата земја некогаш беше окупирана од Советите и ние немаме интерес повторно да живееме во рускиот свет, така што борбата против рускиот империјализам секогаш ќе остане наша вечна борба“, додаде Липавски.

Новите мерки, кои ги надминуваат постоечките санкции на ЕУ, значат дека Кремљ нема да може да ги продаде имотите. Приходите од изнајмувањето на имотите, кои вклучуваат неколку станбени блокови, ќе одат на замрзната банкарска сметка до која Москва нема да има пристап. Секој што ќе продолжи да плаќа кирија во готово ќе биде виновен за кривично дело, нагласуваат од Владата на Чешка.

Меѓувладините договори потпишани пред Кадифената револуција во 1989 година предвидуваа дека тие можат да ги користат само советските вработени, но не во комерцијални цели. „Имотот за кој станува збор мора да се користи согласно важечките меѓудржавни договори. Не е дозволено да се издаваат на трети лица, на пример преку booking.com“, изјави Михал Буцачек, портпарол на МНР, по извештајот од 2019 година дека два стана во улицата „Овенецка“ биле огласени на наведената страница.

Од Booking.com изјавија за Телеграф дека не можат да го коментираат случајот и дека не знаат за кои станови станува збор или дали се уште се достапни. Некои од апартманите се наоѓаат во монденскиот кварт Бубенч во Прага, каде ома ексклузивни вили и се наоѓа во близина на центарот на градот. Тие не се рекламирани дека ги води руската амбасада.

Станарите велат дека плаќаат околу 250 фунти месечно во готово. Еден стан од 54 метри квадратни им бил понуден на туристи за краткотрајна наемнина од околу 900 фунти месечно. Весникот Деник Н процени дека руската амбасада може да заработува стотици илјади фунти месечно. Министерот Липавски, жесток поддржувач на Украина, одби да открие детали за вредноста на имотот.

Санкциите против агенцијата „Goszagransobstvennost“ се први од ваков вид во ЕУ и министерот за надворешни работи ќе се заложи Брисел да воведе слични мерки во целата Унија. Замрзнатиот имот не ја вклучува зградата на руската амбасада, која е предмет на начелата на Виенската конвенција за дипломатски мисии.

Чешка е меѓу најголемите сојузници на Украина од руската инвазија во февруари 2022 година.

Г. Т.

Next Post

Петровска: Продолжуваме со поддршката за Украина, во Северна Македонија реализирана првата обука на украински војници

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk