Шефицата на УНИЦЕФ, Кетрин Расел денеска го оквалификува опколениот Појас Газа како „најопасното место во светот за да се биде дете“.
Расел рече дека над 5.300 деца биле убиени во Газа од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Тоа претставува 40 отсто од смртните случаи.
-Ова е без преседан, нагласи таа.
Извор: МИА