Малолетник утрово во 08:15 часот пред Техничкото училиште во белградската населба Железник избодел друго шеснаесетгодишно младо лице, потврдено е во МВР, јави дописникот на МИА од Белград.
Малолетниот сторител е приведен и во моментов се сослушува во полицијата.
Другото момче веднаш било пренесено во Ургентен центар и ученикот сега е во стабилна состојба.
Од Техничкото училиште соопштија дека инцидентот не се случил во самото училиште, туку во негова близина.
-Нападот се случи во близина на училиштето, на 100-тина метри и пред почетокот на наставата. Исто така, и повредените и напаѓачот се ученици на нашето училиште, велат од оваа образовна институција.
Полицијата ги утврдува околностите под кои се случил нападот, засега немаат информации дали се работи за учениците од Техничкото училиште.