ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на генералот Ѓурчиновски со адмирал Сер Антони Радакин во рамки на посетата на Вооружените сили на Обединетото Кралство

November 23, 2023 20:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во официјална работна посета на Вооружените сили на Обединетото Кралство, денес оствари средба со началникот на генералштабот, адмирал Сер Антони Радакин. Генералот Ѓурчиновски и адмиралот Радакин разговараа за повеќе прашања од билатералната воена соработка, како и за учеството во рамки на активностите на НАТО и меѓународните операции. Притоа, началниците го потврдија високото ниво на воената соработка и можностите за понатамошно нејзино зајакнување. Од страна на адмиралот Радакин е искажана подготвеност за поддршка во процесот на интероперабилност.

За време на престојот во Обединетото Кралство, генералот Ѓурчиновски оствари официјална средба и со Лорд Стјуарт Пич, кој е специјален претставник на ОК за Западен Балкан и поранешен претседавач на Воениот комитет на НАТО. На средбата со Лорд Пич се разговараше за безбедносните предизвици во регионот и Европа во контекст на војната во Украина, како и за одбранбени прашања од взаемен интерес.

Претходно, армиската делегација ги посети oдбранбената академија во Шривенам, како и базата на кралското воздухопловство-Булмер, каде генералот Ѓурчиновски оствари средби со воените раководители.

Tags: армијаОбединетото Кралство
Next Post
Фото: МИА архива

Франција за Олимпијадата ќе мобилизира 15.000 војници

НАЈНОВО

Борче Стаменов

Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

August 18, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Триесет и трети роденден на Армијата – 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните

August 18, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk