ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вицепремиерот Битиќи на Самитот за женско претприемништво: Затворањето на родовиот јаз е клучно за одржливиот раст и развој на економијата

November 23, 2023 16:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО

Затворањето на родовиот јаз е клучно за одржливиот раст и развој на економијата, со неговото затворање ќе се искористи целосниот потенцијал за поттикнување на поразновидна и квалификувана работна сила, рече вицепремиерот, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи имаше свое обраќање на Третиот годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво на тема “Жени во претприемништво – Клуч за зајакнување на економијата“, во организација на Здружението на бизнис жени во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во неговиот говор, вицепремиерот Битиќи рече дека на бизнисот, на економијата и се неопходни квалитетите на жените, нивната висперна мисла, оптимистичкиот дух, темпераментот и волјата, стамината за правичност и апетитот за развој кој жените го носат со нив.

„Поддршката и промовирањето на жените во бизнисот не само што придонесува за намалување на родовата нееднаквост, туку ќе ја подобри и  севкупната продуктивност и конкурентност на економијата. Бизнисите предводени и основани од жени даваат приоритет на социјалната одговорност, благосостојбата на вработените, на одржливите практики, со позитивно влијание врз развојот на целокупната корпоративна култура“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека во последните години Владата има направено многу за женското претприемништво, и додаде дека сите заедно мораме да продолжиме засилено да  правиме уште повеќе.

„Родово сензитивните политики не се работа на ексклузивност туку на фокус, а во фокусот е неискористениот потенцијал на жените. Додека се обидуваме да дојдеме до поголем пазар на труд, во нашата земја сѐ уште скоро половина од жените се надвор од пазарот на труд. Знам дека можеби некој ќе се обиде денеска по порталите и медиумите да ги изврти моите зборови, но тие мора да бидат кажани, затоа што се наша заедничка реалност, од која зависи нашата заедничка иднина“, рече Битиќи и изрази голема надеж за женското претприемништво, која не се базира на неподдржан оптимизам, туку на она што го сведочи и гледа, а тоа е жарот и отпорноста, упорноста и посветеноста, професионалноста и грижата кои креираат услови за развој,

„Затворањето на родовиот јаз е клучно за одржливиот раст и развој на економијата, со неговото затворање ќе се искористи целосниот потенцијал за поттикнување на поразновидна и квалификувана работна сила. Оваа инклузивност не само што ја промовира социјалната правда, туку и ја подобрува економската ефикасност и иновативноста. Зголеменото учество на жените во работната сила придонесува за поголема продуктивност и ја поттикнува конкурентноста на економијата. Постигнувањето на родовата еднаквост во економските активности не е само прашање на правичност, тоа е стратешки императив за поголема економска отпорност и просперитет. Женското претприемништво стратешки е опфатено со Националната развојна стратегија, со која градиме дваесетгодишна визија за просперитет на општеството, а во која целиме и кон создавање на системски амбиент за еднакви можности за мажите и жените за професионален развој и ослободување на целокупниот претприемачки потенцијал“, рече вицепремиерот Битиќи.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се осврна и на буџетот за 2024 година, кој во рамките на постојните расходи предвидува финансиска поддршка на приватниот сектор, насочена и во делот на унапредување на женското претприемништво.

„Овие средства имаат за цел да ги зајакнат малите и средни претпријатија, поттикнувајќи ја конкурентноста, иновациите, технолошкиот развој и истражувањето. Дополнителен фокус во рамките на овој буџет е на родово-одговорните буџетски политики. Посебно внимание е насочено кон финансиска поддршка прилагодена за женското претприемништво. Тука морам да додадам уште нешто а тоа е, дека нашиот фокус треба да го свртиме од формата кон содржината и да почнеме да гледаме какви бизниси отвораат жените, за какви бизниси тие се охрабрени и поддржани.  За што ни се потребни и родово сензитивни податоци со кои ќе имаме јасна слика за развојот кој го поттикнуваме“, заклучи Битиќи.

Tags: БитиќиСамитот за женско претприемништво
Next Post

Скршените монитори – единствен „резултат“ на Левица во Собранието?

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk