ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шиша (Наргиле) се повеќе станува тренд во Македонија, но колку се ризични?

November 24, 2023 15:48
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Се повеќе атрактивно станува консумирањето на Шиша или така нареченото Наргиле кај младата популација во Македонија, скоро во секој град има „Шиша барови„ каде се нуди овој таканаречен тутун со вкус .

И во Скопје вакви барови ги има насекаде, има и посебни продавници  каде се продаваат опрема и тутун.

Градска редакција прошета низ скопската Чаршија каде повеќе бројно ги има продавниците каде се продава Наргиле и неговата  смесата со тутун.

Продавачите не сакаат многу да разговараат со новинари имале лошо искуство, им правеле проблеми за кои не сакат да разговараат. Нашата цел беше да ги прашаме колку се заинтересирани граѓаните да купуваат Шиша наргиле за да го имаат дома? Колку е нивната цена? И која возраст се лицата кои ги купуваат овие тутунски шишиња?

Фото/Градска редакција

Шише наргиле може да се купи и онлине во интернет на социјалните мрежи, според некои објави цената на едно наргиле се движи од 1500 до 6000 илјади денари зависно од моделот. Смесата со вкусови се продава од 600 до 1000 денари.

Во Скопје има повеќе посебни  барови наречени „Шиша барови„ и кофичи кои нудат наргиле, цената за негово консумирање е над 500 денари, зависи од вкусот и марката на смесата со тутун.

Што е пушење шиша?

Пушењето шиша,  така наречено наргиле, потекнува од Блискиот Исток и одредени области на Азија, но неодамна стана попопуларно и кај младите во Македонија, особено кај младите луѓе.

Тоа е начин на пушење тутун преку сад на кој е споено црево или цевка. Цевката има писка која

Шиша пушачот ја користи за да го вдишува чадот.

Што има во шиша Наргиле?

Обично содржи тутун кој понекогаш се меша со овошен или меласа шеќер. Популарни вкусови вклучуваат јаболко, јагода, нане и кола. Јагленот гори во лулето за дарил за да се загрее тутунот и да се создаде чад.

Кои се ризиците?

Шишата често содржи ист вид тутун како што го добивате во цигарите. Ова значи дека пушачите на шиша се изложени на ризик да ги развијат истите здравствени проблеми како пушачите на цигари, како што се ракот и срцевите заболувања.

Бидејќи шишата може да содржи никотин (состојката која создава зависност во цигарите), може да станете зависни од пушење шиша. Истражувањата покажаа дека во типична сесија на пушење наргиле, пушачите достигнуваат до 1,7 пати поголема изложеност на никотин и до девет пати поголема изложеност на јаглерод моноксид како една цигара.

Студијата на Светската здравствена организација сугерира дека едночасовната сесија на пушење шиша може да биде исто како и пушењето 100 или повеќе цигари.

Шиша во затворени простотии се забранува со закон во некои европски земји

Пушењето шиша произведува чад, така што во неколку европски земји  е регулирано со  закон кој не дозволува пушење во затворени јавни места.

Дури и производите од шиша кои не содржат тутун мора да се усогласат со законот за без чад бидејќи тој важи за секој запален, чаден производ.

Н.Ш / Градска.мк

Tags: наргилеризик
Next Post
Автобуси за скопјани ќе има, ама кога јас ќе сакам

Може ли концептот за Модерно Скопје да зависи од советниците на ВМРО, а не од Арсовска, како што уверуваше Мицкоски?!

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk