ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пенов: Важно е да градиме проекти кои ги избрале граѓаните, а најдобро е кога општините се заинтересирани за нивна реализација

November 29, 2023 16:02
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, на денешниот состанок со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, и со градоначалникот на општината, Сашко Митовски, истакна дека рекреативната патека, која е дел од Програмата за развој, е нова можност на жителите на општина Крива Паланка за дружење и рекреација, се создаваат услови за развој на спортот, но и за локалниот развој, преку збогатување на понудата за домашните и посетителите од странство. Тој нагласи дека додадена вредност на овој проект е во тоа што е избран од граѓаните на Крива Паланка, во консултативен процес организиран од страна на општината.

Денеска во Крива Паланка официјално беше пуштен во употреба памп – трак полигон, вреден четири милиони денари, 2.5 милиони грант од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и 1.5 милиони денари кофинансирање од општината.

На задоволство на сите нас, а најмногу на граѓаните на Крива Паланка денеска се заокружува еден убав проект кој што е резултат на соработката меѓу Министерството за локална самоуправа, УНДП, Швајцарската Влада и општината. Двата проекти се финансирани со средства од Министерството за локална самоуправа и од Швајцарската Влада. Имплементатор е УНДП. Со свои средства учествува и општината, што покажува дека локалните власти се заинтересирани за развојот и за подобрување на квалитетот на живеење на своите граѓани, рече министерот за локална самоуправа.

Според Пенов, министерството за локална самоуправа ги поддржува проектите кои што имаат влијание на локалната демократија. Без локална демократија нема локална самоуправа и обратно, без локална самоуправа нема локална демократија.

– Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП учествува во реализацијата на слични проекти во 40 општини, за што за периодот од 2022 до 2026 година се обезбедени два милиони долари, со поддршка на Швајцарската Влада. Овие процеси се взаемно условени, а најважно од се е граѓаните да ја препознаат корисноста од сопственото учество и да го валоризираат својот глас преку создавање на партнерства со локалните власти и заедничко подобрување на условите за живеење во локалната заедница. Исто така денеска имав можност да видам како е опремена Салата на советот на општината. Преку проектот Зајакнување на општинските совети е набавена опрема за пренесување на седниците на Советот во живо. На овој начин се зголемува транспарентноста и отчетноста на локалните власти, истакна министерот.

Двата проекти се реализираа во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

– Министерството за локална самоуправа ги поддржува проектите кои што имаат влијание на локалната демократија. Без локална демократија нема локална самоуправа и обратно, без локална самоуправа нема локална демократија. Овие процеси се взаемно условени, а најважно од се е граѓаните да ја препознаат корисноста од сопственото учество и да го валоризираат својот глас преку создавање на партнерства со локалните власти и заедничко подобрување на условите за живеење во локалната заедница, заклучи министерот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Општина Крива ПаланкаПрограмата за развојРисто Пенов

НАЈНОВО

Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

June 15, 2025

Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

June 15, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Парадата – прослава или диктаторско однесување на Трамп?

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk