Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска денеска се сретна со Министерот на Вооружените сили на Обединетото Кралство, Џејмс Хипи.
Тема на состанокот била силната одбранбена соработка помеѓу двете земји.
Министерот на Вооружените сили на Обединетото Кралство истакнал дека ќе продолжи да ја поддржува Армијата на Република Северна Македонија да ги достигне целите поставени од НАТО како и да се промовира сигурноста и безбедноста во регионот.