ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сопка по сопка за брзиот автобуски превоз во Скопје

Две години градоначалничката Данела Арсовска го одложуваше проектот БРТ. Откако таа конечно се согласи со неговото продолжување, сопка ставија советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

November 30, 2023 14:58
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Брзиот автобуски превоз во Скопје се најде пред уште една сопка – Советот на Град Скопје, кој на последната седница не даде дозвола за негова имплементација. Против овој предлог, што две години по стапувањето на функцијата на градоначалничката Данела Арсовска стоеше на страна, гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а од Зелен хуман град гласаа воздржано.

Идејата за Брз рапид транзит (БРТ) во Скопје со еколошки автобуси кои би ги поврзале краевите на градот (Ново Лисиче со Ѓорче Петров и Бутел со Пинтија) ја претстави и донекаде ја овозможи претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. За реализација на овој проект беа одобрени 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од кои 4 милиони евра беа распоредени во Буџетот во 2022 година.

Но, при крајот на оваа година, Брзиот автобуски транспорт, кој доби зелено светло од Арсовска, како проект кој вреди да се продолжи со негова реализација, откако пропадна нејзиниот ветен бесплатен јавен автобуски превоз, советниците на Градот сметаа дека повторно треба да го закочат.

По најавата на Арсовска дека продолжува со реализација на проектот и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски потпиша договор за имплементација.

Бочварски на 15 ноември го потпиша договорот за имплементација на БРТ системот во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје.

Имплементатор на проектот е Градот Скопје, а средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на овој проект се обезбедни преку Владата на Македонија.

Претходно, Собранието донесе Закон за задолжување на државата кај ЕБОР за финансирање на проектот.

Собранието уште во 2021 година го донесе Законот за задолжување на  Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договор за заем за финансирање на проектот. Според овој Закон, државата склучи Договор за заем со ЕБОР и Проектен договор со Град Скопје. ЕБОР одобри заем од 70 милиони евра за реализација на проектот, пари кои две години „лежат“ неискористени и се чека да започне реализацијата на проектот за БРТ.

Што им пречи на советниците кои гласаа против?

Ако ја занемариме политичка димензија (проект на градоначалник на СДСМ, треба да го доврши независна градоначалничка поддржана при изборите од ВМРО-ДПМНЕ) советниците кои гласаа против реализацијата на БРТ системот ги поставуваат истите прашања што ги поставуваа и кога Шилегов го најавуваше проектот.

 

Советникот Стефан Андоновски уште се прашува што со главната водоводна цевка, која поминува под булеварот „Партизански одреди“ (иако неколкупати беше објаснето дека нема да има никакви последици по неа).

„Дали Арсовска репреговараше и ги надмина надостатоците на проектот, дали е истиот проект на Шилегов, дали автобусите ќе возат на гас, ЦНГ или ќе бидат електрични. Дали ќе се гради нов мост ‘Обединети нации‚ и од каде ќе се најдат пари, дали ќе се уништи средишното зеленило, дали ќе се уништи паркот во Ново Лисиче, дали ќе се формира ново јавно претпријатие?“, праша советникот од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски на седницата.

 

Доплнително се проблематизира сечењето дрвја од средишните жардиниери, што се доживува како екоцид, иако самиот проект предвидува садење доплнително зеленило од двете страни на заштитениот автобуски коловоз, на истите места каде и сега има дрвја, а и на неколку други места. Дрвјата кои се веќе израснати нема да се исечат, туку ќе се пресадат на надворешните страни од коловозот.

Што добиваме со БРТ системот?

Проектот подразбира изградба на два нови терминали, транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ.

Новиот систем е предвидено да има две линии кои ќе го поврзуваат градот по линија исток-запад, првата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и втората линија север-југ, од Бутел до Пинтија, а двете линии ќе се преклопуваат во центарот на градот.

Идејата е овие две линии да бидат збирни, односно другите автобуси кои сообраќаат низ скопските населби да ги донесат патниците до станиците на БРТ, од каде ќе можат да продолжат со своето патување до посакуваната дестинација. Предвидува и менување на системот за наплата, па така, со еден билет граѓаните ќе можат да сменат автобуси и да стигнат до онаму кадешто тргнале.

Се предвидува дека овој систем ќе го растовари сообраќајот во Скопје, а ќе го намали времето на патување од едниот до другиот крај на градот, на само половина час. Автобусите треба да сообраќаат на три минути (нешто досега невидено во Скопје), а по трасата може да возат и зглобни автобуси кои имаат капацитет до 270 патници.

Физичката издвоеност на трасата се прави со зелен појас на 82 отсто од нејзината должина, во централниот дел од околу 400 метри е пешачка зона и има неколку кратки делници, како „11 Октомври“, „ВМРО“, „Кочо Рацин“ каде не е можно одвојување со зелен појас, па тоа се прави со сепаратори. Станиците се од затворен тип.

Дигитална наплата во реално-време и помалку станици. Седум милиони евра ќе чини да се направи систем кој во реално време ќе им сигнализира на електричните автобуси како да возат, ќе ги информира патниците и ќе избегнува гужви. Ни кружните текови нема да го забават БРТ системот, затоа што тој ќе има предност. Со еден билет ќе можете да се користат и автобусите и возилата на БРТ, а со тоа може да се придонесе ЈСП да почне да остварува профит.

Во основниот идеен проект беа истакнати детектираните сериозни пречки за реализација кои благодарение на посветеноста и работата на градската администрација се надминати и со нивно отстранување се овозможува непречена реализација на овој проект.

„Градот Скопје и покрај сите блокади продолжува со заложбите кои ќе им овозможат на граѓаните модерен и навремен јавен градски превоз, надминувајќи ги проблемите со кои се соочува и ЈСП и граѓаните кога станува збор за градскиот превоз. Во нашите искрени заложби за модерен и еколошки градски превоз нема да не сопрат ниту блокадите во Советот на Град Скопје ниту структурните проблеми со кои се соочува ЈСП, а се наследени од претходните раководства на претпријатието“, стои во соопштението од Град Скопје.

Новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Затоа е важно се што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што доликува на главниот град, соопштија од Град Скопје на 9 ноември годинава, но една недела подоцна советниците ја спречија реализацијата на проектот.

Извор: Независен.мк

Next Post
ОБСЕ

Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk