ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните измени, нека нема техничка влада и да одиме на избори

December 1, 2023 19:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека уставните измени се единствениот начин за продолжување на патот кон Европската Унија и дека така дополнително ќе се зацврсти македонскиот идентитет.

-Уставните измени се единствениот начин како да го продолжиме патот кон европската интеграција на нашата држава. И како што многумина претставници на ЕУ и амабсадори на земји членки на ЕУ кажаа, не постои друг начин. Мислам дека останува на домашните актери на политичката сцена во нашата држава, да ја донесат финалната одлука. Ако ВМРО-ДПМНЕ се плаши од уставните измени, тоа треба јавно да го каже. Јас не се плашам, затоа што со донесувањето на уставните измени или овој амандман кој е предложен, се гарантира и  се зацврстува македонскиот идентитет. Затоа што со тој амандман ние велиме дека ги признаваме Бугарите како малцинство во Република Северна Македонија, а македонскиот народ, се разбира со другите, е државотворен народ. И тука се прави јасна разлика, меѓу она што долги години се зборуваше како фама или беше една од теориите за нас и нашата држава. Се зацврстуваат и позициите на македонскиот јазик, кој се повеќе држави го уважуваат како посебен македонски јазик. Така што, сите оние теории на заговор што ВМРО-ДПМНЕ сака да ги презентира, бегајќи од одговорноста да донесе одлука, паѓаат во вода. На крајот, јас би рекла, ако гласаат за уставните измени, тогаш, им го прифаќаме барањето, нека нема техничка влада и да одиме на избори со редовна влада, изјави министерката Петровска во интервју за 24Инфо.

Како што соопшти Министерството за одбрана, според Петровска со донесувањето на уставните измени се гарантира и се зацврстува македонскиот идентитет.

– Со тој амандман ние велиме дека ги признаваме Бугарите како малцинство во Република Северна Македонија, а македонскиот народ, се разбира со другите, е државотворен народ, а се зацврстуваат и позициите на македонскиот јазик, рече министерката Петровска.

За обидите за влијанија од трети земји во Северна Македонија, Петровска порача дека овие обиди се препознаени и тие ја губат својата сила за што, како што рече, се заслужни членовите на безбедносно – разузнавачката заедница кои своите активности успешно ги координираат со сојузниците во НАТО.

Петровска, како што информира Министерството за одбрана, подвлече дека тие трети држави не и мислат добро на државата и оти не престануваат со своите влијанија.

– Тие трети држави, кои не и мислат добро на Република Северна Македонија, не престануваат со своите влијанија. Но, она што е добро, е што како институција и како држава ги препознаваме таквите влијанија кои ги нарекуваме штетни или малициозни. Сега за сега успешно се справуваме со нив, што значи дека институциите одговараат на тие предизвици. Тоа значи дека имаме добра координација во безбедносно-разузнавачката заедница и внатре во државата и се разбира и со нашите партнери и во рамки на НАТО Алијансата. Влијанието, како што реков постои, но добро е што тоа се намалува, пред сè поради активностите што ги преземаме и така ќе продолжиме и во наредниот период, рече министерката за одбрана.

Многу е важно, додаде Петровска, оние процеси кои се започнати во државата и кои значат напредок на државата, да продолжат во тој правец.

-Јас сум свесна и јавноста е свесна дека особено Руската Федерација не сака да ја види Република Северна Македонија како земја членка на ЕУ. Меѓутоа, останува на нас, прогресивните сили во државата, тој пат кон ЕУ на нашата држава да го обезбедиме во иднина, заклучи Петровска.

Во однос на поддршката за Украина во своето право да се одбрани, министерката порача дека Северна Македонија останува отворена за оваа поддршка да продолжи и во иднина.

– Република Северна Македонија е непоколеблива во однос на поддршката и помошта што и ја пружаме на Украина. Неодамна заврши обуката, која првпат откако започна руската агресија, имавме можност да спроведеме таква обука на припадници на украинската армија овде, во Република Северна Македонија. Таа заврши успешно и беше димензионирана согласно побарувањата што беа доставени од украинска страна. Се разбира, и во наредниот период вратата на Република Северна Македонија ќе остане отворена за поддршка на Украина, сè додека е тоа потребно, без разлика дали ќе биде во повторни тренинзи и обука на украински сили или со дополнителна воена поддршка и помош која ја имаме, заклучи министерката Петровска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУСлавјанка Петровска
Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Ја усогласуваме законската регулатива, за подобра заштита на културното наследство

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk