ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кери: Треба да го направиме она што ни го кажува науката за да го спречиме глобалното затоплување

December 6, 2023 16:37
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: ЕПА

Фото: ЕПА

Share on FacebookShare on Twitter

Треба да го направиме она што ни го кажува науката, а научниците ни рекоа во 2018 година дека имаме дванаесет години да го спречиме глобалното затоплување, изјави денеска специјалниот пратеник на САД за климатски прашања Џон Кери на прес-конференција во Дубаи.

„Делегацијата на САД дојде овде со една цел – да ја следи науката и да го направи она што е потребно за да се постигне целта – зголемувањето на просечната температура на Земјата да се задржи на 1,5 степени Целзиусови“, рече Кери.

Тој истакна дека критичарите велат дека Парискиот договор за климата пропаѓа, но „пред тоа имавме температури покачени за 1,7 степени и повеќе, а немавме договор“.

Кери укажа на досегашните успеси на дваесет и осмата конференција на страните на Рамковната конвенција за климатски промени, која започна на 30 ноември во Дубаи, ОАЕ.

Тој потсети дека веќе на првиот ден од форумот е постигнат договор со кој е ставен во функција фондот за обнова во врска со климатските промени.

Меѓу успесите Кери ја посочи декларацијата за нуклеарна енергија, која обедини дваесет и две земји на четири континенти, декларацијата за тројно зголемување на енергијата од обновливи извори и за удвојување на енергетската ефикасност, меѓународната стратегија за нуклеарна синтеза објавена вчера во Дубаи, договорот да не се градат нови централи за јаглен во иднина, зголемувањето на финансиите за климата, посветеноста на САД да придонесат со три милијарди долари во климатскиот фонд.

Тој ги истакна резултатите од билатералните преговори со Кина, кои претходеа на КОП28, и заложбите на Пекинг за намалување на штетните емисии. Кери потсети дека Кина е најголемиот производител на обновлива енергија во светот и најголемиот работодавач во светот во оваа област.

Кери рече дека САД немаат „црвени линии“ во преговорите за КОП28 и дека се подготвени да ги разгледаат сите предлози за различните документи што ги дискутираа земјите на форумот.

„Овде, во Дубаи, глобалната анализа ќе ни овозможи да разбереме што сме направиле досега, да можеме искрено да го измериме постигнатото и да имаме визија за патот напред. Науката ни кажува дека треба да ги запреме штетните емисии во атмосферата, за да ги запреме климатските промени, а не ни кажува како. Затоа, велиме дека за да се постигне оваа цел мора да има одредено отпуштање на фосилните горива. Сепак, резултатот ќе биде мешавина од различни мерки и напори, рече Кери како одговор на прашање на Гардијан дека султанот Ал-Џабер, кој претседава со КОП28 и е претседател на Националната нафтена компанија Абу Даби, бил категоричен дека не може да се зборува за откажување од фосилните горива.

Tags: глобално затоплувањеКеринаука
Next Post

Јапонскиот премиер го предупреди Нетанјаху: Намалете го бројот на цивилни жртви

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk