ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: До 1.200 денари за 15.000 студенти во новиот пакет антикризни мерки за поддршка на студентите и подобрување на нивниот стандард

December 7, 2023 14:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, при посетата на Фармацевтскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде присуствуваше на презентација на нова лабораториска опрема, во изјава за медиумите се осврна и на антикризните и други мерки кои Владата ги презема за подобрување на студентскиот стандард и условите за студирање во земјава.
Притоа, премиерот Ковачевски ги појасни мерките предвидени со деветтиот пакет антикризни мерки, како и мерките за субвенциониран студентски оброк која мерка прв пат се воведува, но и зголемувањето на студентските стипендии и  реконструкцијата на сите студентски домови.

Како што рече премиерот Ковачевски, во рамките на деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра предвидено е во наредните седум месеци, 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, да добијат ваучер за превоз во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени два милиони евра.

Нагласувајќи дека поддршката од Владата за студентите е континуирана и на повеќе нивоа, премиерот Ковачевски појасни дека за студентите досега се предвидени повеќе мерки и активности кои им овозможуваат подобрување на стандардот.

За првпат оваа Влада, рече премиерот Ковачевски, воведе субвенциониран оброк за студентите и воведени се и нови категории на студентски стипендии преку Министерството за образование и наука. Најголем дел од категориите на стипендии се изедначени на сума од 6.050 денари месечно, што е зголемување за 80% од претходно.

Воедно, премиерот Ковачевски посочи дека за студентите кои се запишани на дефицитарни студиски програми по математика, физика и хемија, а од минатата година и на земјоделство, шумарство и ветеринарство предвидени се месечни стипендии во износ од 18.000 денари. Воведени се стипендии и за студенти на студиските програми за превод, историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, во износ од 6.050 денари.

Говорејќи по настанот на Фармацевтскиот факултет во Скопје, премиерот Ковачевски додаде и дека се предвидени и 500 стипендии во висина од 6.050 денари, за студенти на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките или медицинските науки.

Next Post

Случајот Вања покажа дека радикалната десница промовира национализам, но и рушење и демонизација на институциите

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk