Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека денеска, додека се уште траел состанокот на ДУИ претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.
Претходно, министерот за надворешни работи и потпртетседател на ДУИ, Бујар Османи, информираше дека ДУИ одлучиле од 28 јануари технички претседател на Владата на Сeверна Македонија да биде Талат Џафери. Ова, како што наведува Османи, се дел од заклучоците што Централното претседателство на Демократската унија за интеграција ги донело на денешниот состанок во Тетово.
„Премиер на Владата на Северна Македонија од 28 јануари ќе биде актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024 г. Се овластува претседателот на Партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.“, се наведува во објавата од Османи.
Поврзано: