Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15.
Според Законот, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време.
Минималниот износ за К-15 изнесува околу 14.000 денари (40 отсто од просечната плата во последното тромесечје) додека максималниот износ е 100 отсто од просечната плата, односно нешто над 36.000 денари.
Годинава, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 врабтени во јавниот сектор, aа некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните претпријатија веќе исплатија К-15 за своите вработени.
Од следната година висината на К-15 во јавниот сектор ќе биде 30 отсто од просечната плата, односно околу 13.000 денари.