ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ PMD

Што е култура (2)

December 16, 2023 09:50
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Окно.мк

Фото: Окно.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Никола Гелевски/Окно

Ние веќе немаме корени, имаме антени. Токму нашата одвоеност, не само од природата туку и од културата како безшевна, жива заедница, нè поттикнува да ги бараме корените. Навистина да имавме вкоренета култура, тогаш корените и традицијата не ќе беа постојана тема на невротичното мавтање со раце.

Мекензи Варк, Хакерски манифест, 2004

***

Силната доминација на политиката на идентитетот, која се чини речиси постмодернистичка и која спрема културното наследство се однесува на еден поткраднувачки начин, повеќе манипулативно отколку иновативно, укажува пред сè на регресија. Денешната офуцана слика на идентитетско-политичките инсценирања на телата, носиите итн., потсетува на Хегеловата изрека дека човек го пронаоѓа идентитетот дури на мртовечка постела. Затоа фундаменталистот кој порано го наоѓа идентитетот неретко делува како жив мртовец. Спијач. Атентатор-самоубиец кој дејствува на повик.

Хауке Брункхорст, Солидарност; од граѓанско пријателство до глобална правна заедница, 2002

***

Техничката репродукција на уметничкото дело прв пат во светската историја го ослободува делото од неговата паразитска егзистенција во ритуалот. Репродуцираното уметничко дело станува токму копија на уметничко дело наменето за репродуцирање. Фотографската плоча, на пример, овозможува мноштво копии; прашањето за оригиналната копија е бесмислено. Но, во моментот кога ќе потфрли мерилото за автентичност во уметничкото производство, се менува и целокупната функција на уметноста. Нејзиното втемелување во ритуалот го надоместува поинаквата практика: имено, втемелувањето во политиката.

Валтер Бенјамин, 1930

 

Еволуција на културата

Францускиот социолог Луј Доло во книгата Индивидуалната и масовната култура (1999) зборува за историскиот развој на идејата за култура, како и за нашите денешни културни предизвици. Пренесувам некои негови согледувања.

Дваесет векови траеше бавната разработка на поимот култура. Хеленската paideiae (од каде што потекнува и нашата педагогија), цицеронската humanitas, средновековната мистика ослободена со ренесансата, осветлена од просветителството, сите тие епохални пресврти покажуваат дека културата била многу постара како идеја отколку како збор. Од концептот настанат на изворите на старогрчката мисла и од самиот збор со латински корен, предодреден на тој концепт да му даде соодветен израз, требало да се изоди голем пат.

Требало да се сочека крајот на средниот век за фигуративното значење на културата да се одвои од дословното; крајот на 17-иот век за Самуел Пуфендорф, раздвојувајќи го природниот поредок од поредокот на културата, да ѝ ја додели на културата првата модерна формулација; почетокот на 18-иот век за на културата да ѝ биде придружен „духот“; почетокот на 19-иот век за тој прилог да биде отфрлен и зборот култура да си стане самодоволен; крајот на истиот век за општествените елементи на „личната култура“ да го заземат рамноправното место крај индивидуалните елементи.

Кон крајот на 20-иот век културата престанува да се сфаќа на премногу интелектуален и книжевен начин, а нејзиниот домен се проширува и кон други вредности.

***

Културата се наоѓа во средиштето на различни судрени идеи. Затоа и имаме најразновидни толкувања на културата. Всушност, на прашањето што е култура баш и не може да се даде одговор а да не се постават прашањата за нејзините зошто и како. Кои се нејзините цели, со кои средства таа се остварува, каков меѓуоднос внатре во културата постои меѓу индивидуалните напори и масовните (пазарни, политички, идентитарни) сили на привлекување и притисок…

Се чини дека е време за многу понапредни интелектуални разгледувања на културата. Томас Стерн Елиот, американски поет кој долго се занимавал со прашањето на културата, уште пред стотина години напиша: „После долг период на погрешна употреба неопходно е зборот попрецизно да се одреди, како и некоја доктрина после долговековно кривотворење.“

Соочени со сосема променетата скала на вредности и свесни за постојаните промени, ние треба да осмислиме модел на култура соодветен за нас, за нашето време и за нашата заедница, во корелација, се разбира, со другите заедници и култури, мали и големи.

Тој нов културно-политички модел треба да тежнее кон тешко достижната рамнотежа меѓу немалкуте конфликтни стремежи и желби. На пример, независната култура, вонинституционалната, или културата непосредно свртена кон заедницата, треба да добијат многу поголемо влијание и значење.

Кога станува збор за содржината, треба да се земе предвид дека културата не би требало сега, кога во неа се вклучени науките, ним да им ги жртвува литературата и уметноста. Колку до вчера, опасноста беше од обратен вид.

***

Помеѓу запрашаноста пред иднината и стекнатите знаења од минатото, „тој човек којшто непрекинато учи“ (како што Паскал го дефинирал човештвото) би морал мудро да ги избалансира своите чекори и не би требало да го отфрли огромното и значајно наследство. Културата треба да гледа зад себе, исто како и пред себе.

Културата на иднината, без сомневање, повеќе ќе биде култура што се стекнува отколку култура што се пренесува. Општественото наследство и опкружувањето нема да можат – секако нема да можат – потполно да бидат потиснати. Но, бидејќи наследството сè повеќе се отфрла, ќе се појави настојување да се премерат неговите ефекти. Тоа посебно ќе се случува во име на еднаквоста на шансите. Но, ако со истакнувањето на еднаквоста на шансите се отиде премногу далеку, тоа би можело да се манифестира и низ одредено намалување на вредностите на културата, која секогаш треба да пронаоѓа соодветни услови за развој на секој човек и подобро подготвен терен за секоја следна генерација.

Правото на култура сè повеќе ќе биде гледано и чувствувано како фундаментално, а не веќе само прокламирано, и можеби, во случај да биде прекршено, законски ќе биде санкционирано.

Бројот на учесници во културата сè повеќе ќе расте, а ќе се намалува родовата, расната и верската дискриминација. Доброто образование, како што предлага Луј Доло, исто така ќе треба постојано да нè потсетува дека вистинската култура не се задоволува самата со себе и дека таа претставува стремеж угоре а не порамнување удолу.

Стрип кадри: Pete Riss – Kid Eternity (1949)

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: култураНикола Гелевски

НАЈНОВО

Протест на студентите во Белград, бараат распишување предвремени избори

May 30, 2025
Фото: ВИ

Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира половина милион луѓе

May 30, 2025
Фото: Влада

Мицкоски од Будимпешта: Орбан ја промовира европската иднина, Трамп ја врати надежта

May 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали преку Алиу, Мицкоски сепак ги има ДУИ и Али Ахмети во владата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: ВМРО-ДПМНЕ или ќе ретерира па ќе одбере да ја враќа државата кон ЕУ, или ќе нè носи кон изолација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две фирми за фустани треба да опремат со униформи специјални единици на МВР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk