ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Клиниката за физикална медицина и рехабилитација пуштен во употреба апарат за роботска рехабилитација (ДПЛ)

December 20, 2023 14:13
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Козле пуштен во употреба е нов најсовремен aпарат за роботска рехабилитација – Lokomat во вредност од 57.983.430,00 денари.

Станува збор за апарат кој го поддржува движењето, ги насочува нозете на пациентот врз основа на физиолошкиот модел на одење и нуди можност за делумна поддршка на тежината.

На настанот присуствуваше и министерот за здравство Фатмир Меџити кој рече дека ваква опрема првпат се набавува во јавното здравство.

Денеска во Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Козле имаме сериозно зајакнување во опрема која ја набави Министерството за здравство, а за потребите на оваа установа. Продолжуваме со уште позасилено темпо во инвестиции во здравството, изјави министерот.

Апаратот за роботска рехабилитација е наменет за интензивна рехабилитациска терапија на пациенти со тешко до умерено оштетување на способноста за одење и функционална подвижност. Овие оштетувања во телесните функции и активности може да бидат предизвикани од различни болести, како невролошки заболувања, повреди на мозокот (поради мозочен удар или траума), повреда на ‘рбетниот мозок и церебрална парализа.

-Според стручните проценки роботската рехабилититација ќе има можност да се спроведува кај околу 30 пациенти месечно, а ќе бидат опфатени и болнички и амбулантски пациенти. За управување со новата опрема спроведена е специјална стручна обука со инструктор од Швајцарија на шест физиотерапевти од оваа клиниа кои и претходно имаат искуство во рехабилитацијата на ваквите пациенти, рече заменик министерката за здравство Маја Манолева.

Во однос на тоа како ќе може пациентите да дојдат до овој робот, Манолева информира дека оваа процедура која што ќе биде воведена во институцијата ќе биде ставена на товар на ФЗОМ.

-Практично пациентите ќе треба да го остварат само делот во партиципацијата. Веќе сме во завршна фаза. Вчера ги финиширавме преговорите со ФЗОМ и секако проценката ќе биде на лекарскиот колегиум за пациентите коишто ќе треба да бидат вклучени на оваа процедура. Мислам дека овие потреби, оваа бројка на пациенти ќе ги задоволи потребите на институцијата за нашите граѓани, за граѓаните на нашата држава, посочи таа.

Манолева во однос на цената за роботската рехабилитација рече дека не е дефинирана затоа што се уште се во тек преговорите со Фондот и дека се во завршна фаза.

-Штом ќе го добиеме ќе се вметне посебен пакет за оваа здравствена услуга којшто ќе се внесува и сето тоа ќе ја диктира партиципацијата. Можам само да ви посочам дека во регионот еднодневна терапија на ваков локомат чини од 120 до 170 евра еднодневна терапија, дополнително сите други трошоци. Така што се надевам дека она со што ќе учествуваат нашите пациенти ќе биде навистина минимално во споредба со онаа цена која што ја имаме во регионот, појасни Манолева.

Заменик министерката воедно најави дека во наредниот период ќе започне целосна реконструкција клиника за физикална медицина и рехабилитација, а тоа како што рече ќе значи подобрување на енергетската ефикасност на институцијата.

Директорот на клиниката изрази благодарност и оцени дека aпаратот за роботска рехабилитација е од огромно значење.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: пациентирехабилитацијаробот
Next Post
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

(ФОТО) Данела сепак не успеа да го скрши празничниот дух на Скопјани

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk