ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не е потребно одобрение од УЕФА за организирање на Супер лигата, реши Европскиот суд на правдата

December 21, 2023 14:16
in ДЕНЕС, СПОРТ

Судот на правдата на ЕУ денеска пресуди дека правилата на УЕФА кои се однесуваат на организирањето на фудбалски натпреварувања, како што е Супер лигата, се во спротивност на законодавството на Унијата.

– Правилата на ФИФА и УЕФА за претходно овластување за клупски фудбалски натпреварувања, како што е Супер лигата, претставуваат кршење на правото на Унијата, се вели во соопштението Судот на правдата со седиште во Луксембург.

Според Судот, правилата на ФИФА и УЕФА, кои стапија во сила во 2021 година во моментот на започнувањето на судската постапка во однос на Супер лигата, не содржат „критериуми што обезбедуваат нивна транспарентност и недискриминаторски однос“. Судот смета и дека идејата на некои од најбогатите европски клубови за организирање на фудбалска Супер лига „не мора да биде одобрена“ од УЕФА.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во реакција на одлуката на Судот, првиот човек на компанијата А22, која стои зад промоцијата на Супер лигата, Бернд Рајхарт оцени дека „завршил монополот на УЕФА“.

– Фудбалот е слободен, наведе Рајхарт во објава на платформата Икс.

Идејата на некои од најбогатите европски фудбалски клубови за организирање на многу попрофитабилен модел на клупско натпреварување е стара дваесетина години. Во април 2021 година, непосредно пред големата реформа во Лигата на шампионите на УЕФА, 12 големи европски клубови најавија организирање сопствено клупско натпреварување.

УЕФА и ФИФА, кои на најавената Супер лига гледаа како на директна конкуренција на Лигата на шампионите, им се заканија на „бунтовничките“ клубови со санкции. По ова, девет од 12-те клубови се повлекоа од идејата, со што иницијативата за формирање на Супер лигата пропадна за помалку од 48 часа.

Сепак, шпанските клубови Реал Мадрид и Барселона, кои не се откажаа од иницијативата, поднесоа тужба против ФИФА и УЕФА обвинувајќи ги за монополска позиција на пазарот на фудбалски натпреварувања и за искористување на медиумските права.

Tags: Супер лигаУЕФАфудбал
Next Post

Папата Франциск донесе историска одлука за геј паровите и ги нападна конзервативците

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk