ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Турската заедница дава уникатен придонес кон развојот на нашата заедничка македонска татковина

December 21, 2023 11:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.

-Дозволете да ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Една од првите одлуки на асномска Македонија била да се овозможи настава на мајчин јазик за повеќе заедници, вклучително и за турската. На денешен ден, во 1944 година започнала наставата на турски јазик во скопското училиште „Тефејуз“ со што е ослободен потенцијалот на заедницата, чувајќи го својот идентитет и развивајќи ја својата култура, да придонесува кон општото добро, пишува Пендаровски во честитката.

Корените на денешниов празник, како што посочува претседателот,  ѝ претходат не само на современата македонска држава, туку и на современата турска држава. Годинава се одбележуваат 100-годишнината од основањето на Република Турција и 95-годишнината од јазичните реформи и воведувањето на новата турска азбука што за кратко време довеле до масовно описменување.

-Турската заедница дава уникатен придонес кон изградбата и кон развојот на нашата заедничка македонска татковина и збогатувањето на соживотот во македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество. И покрај предизвиците во образованието и во другите области, претставниците на турската заедница во Северна Македонија даваат голем придонес во секоја сфера, во просветата, здравството, уметноста и спортот. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани Турци да можат без никаков проблем да го остваруваат ова основно човеково право на образование, нагласува Пендаровски.

Шефот на државата посочува дека освен што со својата лојалност придонесува кон македонска татковина, турската заедница е и силна врска со братска и пријателска Турција. А плодови на тоа пријателство, како што истакнува Пендаровски, се одличните билатерални односи и заемната поддршка, многубројните инвестиции, заедничките проекти, донациите за образованието, науката, здравството и културата. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Пендаровскитурски јазик
Next Post

Украинскиот министер за одбрана сака да ги мобилизира украинските мажи кои живеат во странство

НАЈНОВО

Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

October 16, 2025

„Дон Кихот во Скопје“ – светска премиера на Концерт, изложба на слики и промоција на книга за деца

October 16, 2025

Студентите од Србија финалисти за наградата Сахаров 2025

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk