„Доколку би биле претседател на еден ден, што би направиле прво“- граѓаните за анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, даваат различни одговори. Некои би се заложиле за социјална правда и социјално избалансирана држава, други би направиле журка на плоштад, трети посакаа да нема поделба кај македонскиот народ. За некои е важно повеќе украси и посреден град, други се за повеќе хуманитарни концерти, студентски град и клинички центар, подобро здравство, жена за претседател, „за сите луѓе да има леб“.
На прашањето „која е личноста која остави најмногу белег во 2023-та“, повеќето граѓани велат „ниту една“. Притоа се спомнуваат и конкретни личности како нивните блиски – дечкото, пријателот или бабата која се изборила повторно да застане на нозе по тешката болест.
На прашањето „дали си ги остваривте желбите годинава“ граѓаните задоволно потврдуваат. Некои имале успех и убави моменти во семејството, други со студиите, трети со љубовта. Речиси сите задоволни од годината која изминува.
„Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните.
Извор: Трн.мк