ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Лицата ставени на црната листа на САД не треба да бидат ниту на јавни функции ниту кандидати за јавни функции

Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска информираше дека работат на тоа сите лица кои се ставени на црната листа на САД да не треба да бидат ниту на јавни функции ниту кандидати за јавни функции. Како што рече, мерката е во насока на зголемување на довербата на институциите.

December 27, 2023 18:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска информираше дека работат на тоа сите лица кои се ставени на црната листа на САД, да не треба да бидат ниту на јавни функции ниту кандидати за јавни функции. Како што рече, мерката е во насока на зголемување на довербата на институциите.

-Јас дадов иницијатива која што Владата ја прифати, за изменување на Законот за рестриктивни мерки, со кои ќе се зголеми опсегот на рестриктивните мерки и ќе се однесува и на организиран криминал, корупција и тероризам, а со координативното тело составено од неколку институции се договоривме да се додадат и хибридните закани како дејствија против државата. Координативното тело веќе го подготви предлог драфт на законот. Министерството за надворешни работи како матично Министерство треба да го изготви и да го предложи на Владата да го разгледа и потоа да влезе во собраниска процедура, изјави вечерва Грковска за време на работната посета во ОВР Гази Баба, во одговор на новинарско прашање.

На овој начин, како што подвлече, во име на стратешкото партнерство со САД, се олеснува процесот за оние лица кои САД ќе ги стави на листата на санкции, да се процесуираат во македонското законодавство.

-Ги додаваме и Обединетото кралство кое до сега беше опфатено во санкциите кои се изречени од ЕУ, но бидејќи веќе не е член на ЕУ сметавме дека  треба и тоа да биде додадено. Исто така, сметаме дека треба да има дополителни реперкусии во смисла за оние кои се ставени на листата на санкции, дека не треба да бидат ниту кандидати за јавни функции ниту да бидат на јавни функции. Тоа ќе биде мерка во насока на тоа да се зголемува довербата на иснитутиците. Не смееме да дозволиме лица кои се ставени на листата на санкции да се однесуваат во нашата држава како ништо да не се случило и не само тие лица, туку институциите кои се задолжени за борба против корупција и организиран криминал да се однесуваат како воопшто да нема укажување од нашите меѓуинародни партнери дека имаат сериозни докази врз основа на кои ја донела одлуката тие лица да ги стават на листата на санкции, додаде Грковска.

Таа посочи оти се надева дека со ова системот ќе биде поефикасен и полесен за функционирање и ќе се зголеми одговорноста дека функционерите треба да бидат пример за општеството

Next Post

Предновогодишно неформално дружење на министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски со семејствата на мировниците

НАЈНОВО

Хороскоп со Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 30 октомври

October 30, 2025

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk