ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: 2023 е година на успешен скрининг, 2024 да биде година на обновен политички консензус за остварување на целта – членство во ЕУ до 2030

December 27, 2023 12:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако 2023 година беше година на успешен скрининг, 2024 година треба да биде година на обновен политички консензус за европска интеграција, политички консензус не заради партиските придобивки, туку заради остварување на стратешката цел и заедничката иднина, а тоа е Северна Македонија да стане членка на ЕУ до 2030 година, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата.

Маричиќ на прес-конференцијата даде преглед на активностите кои досега се преземени на патот на членството во ЕУ, наведувајќи дека согласно обврските патоказите и акцискиот план се усвоени вчера на владина седница, а денеска официјално ќе бидат доставени до ЕУ, но додаде дека останува обврската од Преговарачката рамка за усвојување на уставните измени, што, како што рече, е обврска на секоја партија и пратеник.

Напомена дека изминатата година и половина било остварено најважното во однос на стратешката цел – членство во ЕУ –  почетокот на преговорите, што, како што рече е клучна точка за трансформација на општеството. Годината што изминува ја означи како година на успешен скрининг процес, кој се одвивал во период од околу сто работни дена, односно 15 месеци, со над илјада учесници, од над 200 различни институции, кои извршиле 850 презентации на состаноците во Брисел. Северна Македонија, како што посочи, имала обврска да подготви три патокази, кои треба да ја рефлектираат политичката заложба за спроведување на клучните стратешки реформи, преку дефинирање на краткорочни и долгорочни цели во насока на крајната цел членство до 2030.

Вицепремиерот потсети дека na 27 јули бил објавен извештајот за скринигнот за кластер еден, по што имало серија консултации со сите вклучени чинители, а на 13 ноември пристигнало и официјалното писмо од шпанското претседателство за условите, под кои може да се отворат преговорите за првиот кластер.

-Во писмото се наведува дека по завршениот скрининг за кластер еден, ЕУ смета дека може да се предвиди отворање на овој кластер, откако ќе се заврши фазата на пристапни преговори, во кои ќе бидат одредени двете клучни одредници, патоказот за јавната администрација и патоказот за владеење на право со придружен акциски план. СЕП почна активности за подготовка на овие документи, тие патокази се подготвени во инклузивен процес во консултација со ЕУ, минатата недела имаше консултација во Собранието на заедничка седница на Националниот совет za евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, при што добија едногласна поддршка, рече Маричиќ.

Администрацијата, како што рече, го имала предвид скринингот на кластер еден, но и напредокот во последниот Iзвештај на ЕК, со цел да се адресираат недостатоците во клучните области и да се предвиди план за нивно решавање во следните пет до шест години.

-Мерките предвидени во патоказите имаат за цел департизирана, ефикасна, ефективна и одговорна јавна администрација, која креира високо квалитетни политики и лесно достапни услуги за граѓаните и деловните субјекти, политики засновани на европските принципи и практики, со кои се вреднува и се придонесува за одржлив економскиот раст,  владеење на правото, зајакнување на независноста на правосудниот и обвинителскиот систем, ефикасна борба против организираниот криминал и корупција, со обезбедување социјална кохезија и благостојба за граѓаните, изјави Маричиќ.

Она што недостига, а што не може да се избегне, како што посочи Маричиќ, се уставните измени.

-Ние сме подготвени за следната фаза, за која е неоходно завршување на обврските од Преговарачката рамка, која ја усвоиме на 19 јули 2022 година. И покрај двата патокази и акцискиот план кои ги споменав, кои денеска ќе ги доставиме до ЕК и до шпанското претседателство. ни останува завршувањето на клучната обврска, усвојувањето на уставните измени, што е одговорност на секој од нас, на секоја политичка партија и на секој пратеник, порача Маричиќ.

Тој нагласи дека стратегијата, според која треба да чекаме сто години е стратегија на безнадежност и стратегија за празнење на државата од млади луѓе и од стручни луѓе кои својата иднина ја гледаат во ЕУ.

-Тоа е стратегија во која единствена шанса на македонскиот граѓанин да стане дел од ЕУ е да извади пасош на друга држава. Ние таа стратегија не ја прифаќаме и веруваме дека мнозинството граѓани веруваат во стратегијата Северна Македонија да стане членка на ЕУ до 2030, изјави тој.

Вицепремиерот за европски прашања додаде дека целта е да не се пропушти позитивниот момент на залагање на земјите-членки за проширување на ЕУ и да поентираме во наша полза, додавајќи дека со приклучување на земјите од Западен Балкан, ЕУ ќе затвори важно геополитичко прашање.

Маричиќ додаде и дека и покрај силната  пропагадна и дезинформациите поврзани со францускиот предлог и со уставните измени, како што рече, видовме дека тие нема да му наштетат на концептот на мултиетничко општество содржан во Уставот. Со нивното усвојување, додаде тој, во исто време ќе добиеме пристап кон нови европски фондови и кон отворање на поглавјата кои ќе ни донесат реформи по европски стандарди.

-Затоа е важно да ја преземеме одговорноста, да се покажеме достојни на предизвикот за да го направиме новиот чекор за поблиску до евроинтеграцијата. Да постигнеме политички консензус за ова прашање, не заради партиските придобивки, туку заради заедничката иднина – заедно во државата до целта за да бидеме заедно и еднакви со другите во Европската Унија. Уставните измени се влог за нашата иднина, без да изгубиме ништо. Напротив, ја прави европската перспектива на земјата реална и остварлива, порача Маричиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

May 13, 2025

Кулаков: Пресудата за прегазувањето на Фросина е срамна и тажна

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk