Крајбрежната служба на Грција спасила 38 мигранти во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од островот Гавдос и сите безбедно биле пренесени на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Мигрантите се пренесувале во дрвен чамец, а доцна синоќа побарале помош по што интервенирала Крајбрежната служба.
Според грчката телевизија ЕРТ, станува збор за мигранти од Египет и Пакистан.