ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓорѓе Јовановиќ ја освои главната награда на конкурсот за стрип Лифт

December 28, 2023 14:11
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА

На шестиот конкурс за стрип Лифт пристигнаа петнаесет стрипови од четрнаесет автор(к)и. Жирито (Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Трајановски) како најдобар го издвои стрипот Наскоро градот ќе падне на Ѓорѓе Јовановиќ.

Стрипот се издвојува со ликовната рафинираност (Јовановиќ суверено владее со цртежот, боите, колажните моменти), т.е. со прецизниот уметнички ракопис кој ги преиспитува и проширува границите на медиумот. Уметникот заслужува пофалби и поради ангажираниот пристап, бескомпромисно сликајќи ги морничавиот град и мрачните луѓе (луцидното портретирање е уште една одлична одлика на авторот) во епоха на војни, страв и несигурност. А сепак, во целата констелација, како контраст, има и доволно хумор, игривост, луцидност… Атмосферата во Наскоро градот ќе падне драматуршки веродостојно ја оцртуваат стиховите од истоимената песна на израелскиот поет Амир Ор, кои на делото му даваат дополнителни историски и воени (секогаш актуелни, за жал) контекстуализации.

Иван Коминовски vo Let’s go Again има интересна, духовита и добро раскажана приказна, и текстуално и ликовно: млад цртач на стрипови не знае што да прави со себе и почнува разговор со сопствениот нацртан лик. Цртежот е минималистички, без многу детали, базиран речиси само на линија (со минимален внес на сива боја, за сенките во одредени кадри). Коминовски е млад автор, со второ учество на конкурсот, и од допрва него очекуваме нови стрипски потфати (иако главниот лик во стрипот e малце нерешителен и мрзлив:).

Матеа Аризановска на конкурсот испрати два добри стрипа. Жирито го награди стрипот Новиот Еден. Матеа има фино чувство за композиција, монтажа, портретирање… Инспирација (барем за ликовниот дел) ѝ се мангите. Во одредена мера таа го владее медиумот на стрипот. Приказните не се сосема развиени, но Матеа, како и Иван, е авторка од која допрва се очекуваат пробои во медиумот кој очигледно ѝ е близок и низ кој знае да се изразува.

Во најтесна конкуренција за наградите беа и стриповите Holding the breath на Омо Тесандо и At Death’s Door на Војдан Андонов (сценарио) и Цанко Стефанов (цртеж). За жал, тие два стрипа жирито ги исклучи од конкуренцијата за награди зaшто претходно биле објавени (таблите на Тесандо на блогот на Владо Јаневски во стрип серијалот Flakeday, а стрипот At Death’s Door учествувал на неколку стрип изложби). Важно е да се каже дека во случајов не станува збор за измама од страна на авторите на овие стрипови, туку за поинакво разбирање на условите на конкурсот, т.е. поинакво разбирање на тоа што значи објавување. При распишување на конкурсот, во иднина, ќе треба да се допрецизира условот дека „право на учество имаат стрипови кои досега не биле објавувани“.

Во секој случај, жирито им изразува благодарност на сите автори, низ сите шест години, што испраќаат стрипови и го одржуваат Лифт конкурсот не само жив туку и витален и поттикнувачки. Веруваме дека во годините пред нас конкурсот ќе расте, во секоја смисла.

Десетте најдобри стрипови од конкурсот објавени се во зборникот Лифт #6, традиционалниот придружник на наградата Лифт. Зборникот ќе биде објавен и во електронска форма, на Окно.

Насловна страница: детаљ од стрипот Наскоро градот ќе падне од Ѓорѓе Јовановиќ

Преземено: Окно.мк

Next Post

Трошоците за основни потреби на четиричлено семејство, според новата пресметка, чинат 56.522 денари

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk