Во спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден на ниво на државата санкционирани се 514 возачи.
Од МВР денеска соопштија дека од нив, 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 200 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 314 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.