Повеќе лица се застрелани во средното училиште Пери, изјави шерифот на округот Далас, Адам Инфанте на прес-конференција. Полицијата го идентификувала напаѓачот, но не соопштува повеќе детали за пукањето во тоа средно училиште што се наоѓа во американската држава Ајова.
Силно полициско и медицинско присуство има околу гимназијата, на околу 60 км северозападно од центарот на Де Моин во округот Далас, јавија американските медиуми.