ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ се подготвува за регулација на „никотинските торбички“

January 5, 2024 11:36
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Како што расте обемот на пазарот на т.н. никотински торбички, администрацијата на ЕУ полека подготвува терен за регулирање на нивната продажба.

„Никотинските торбички“ се модерен орален никотински производ, кој не содржи тутун, туку никотин, ароми и растителни влакна. Овој навидум безопасен производ се консумира така што се држи меѓу усните и непцето и ослободува никотин за задоволување на потребите на пушачите.

Анализите покажуваат забрзан раст на популарноста на „никотинските торбички“, чија продажба само во Хрватска, Чешка, Данска, Словачка и Велика Британија во 2021-та е двојно зголемена во споредба со претходната година.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој производ досега не беше опфатен со мерките на ЕУ против пушењето, затоа што не содржи тутун и не него не се однесуваат ограничувањата за тутунските производи, така што не постојат правила на ниво на Унијата за дозволени нивоа на никотин во „торбичките“.

Властите на Белгија, Холандија и некои германски сојузни покраини веќе иницираат со ревизијата на легислативата за тутунски производи, да бидат опфатени и „никотинските торбички“, посочувајќи дека и електронските цигари исто така не содржат тутун, но за нив важат правилата поврзани со пушењето.

Аналитичарот на агенцијата на инвестициски истражувања „Морнингстар“, Филип Горам, смета дека со новата регулатива на ЕУ никотинските производи ќе бидат третирани исто како и тутунските.

– Мислам дека ќе видиме даноци кои ќе се однесуваат на овие производи, на сличен начин како што се оданочуваат и цигарите, оценува Горам.

Во прилог на ваквата можност оди и ставот на еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, според која зголемената популарност на „никотинските торбички“ предизвикува „сериозни грижи за јавното здравје“.

Таа вели дека овие производи претставуваат опасноста и за јавното здравје и за внатрешниот пазар на ЕУ, па затоа нивната регулација ќе биде „во сржта на тековната евалуација“ на законите за тутунски производи и нивно рекламирање.

Сепак меѓу експертите има поделени мислење околу штетните влијанија на „торбичките“ врз здравјето. Во експертски извештај доставен до Комисијата за здравство на ЕП се посочува дека „здравствените ризици главно произлегуваат од високата концентрација на никотин во одредени производи, што доведува до повисоко ниво на никотин во крвта на корисниците“. Меѓутоа, во извештај на Германскиот сојузен институт за проценка на ризик се наведува дека никотинот „има силни ефекти врз кардиоваскуларниот систем“, како и дека „никотинските торбички“ претставуваат висок ризик за децата, бремените жени и доилките, како и за лицата со кардиоваскуларни заболувања.

На најавите за регулација на „никотинските торбички“ реагираше и тутунската индустрија, чии гиганти како „Филип Морис“, „Бритиш Американ Тобако“ (БАТ), „Империјал Брендс“ и „Алтрија“ постепено се шират и на никотинскиот сектор преку развој на сопствени продукти или со преземање на компании кои произведуваат „никотински торбички“. Според нив, „никотинските торбички“ се „помалку штетна алтернатива“ на цигарите и затоа не треба да бидат толку строго ограничени.

Некои од големите тутунски компании, меѓу кои и БАТ, „Империјал Брендс“ и „Џапан Тобако“, презедоа мерки за саморегулација во овој сектор ограничувајќи го нивото на никотин на 20 милиграми по „торбичка“, наведувајќи предупредувања на пакувањата за влијанието врз здравјето и најавувајќи нивна продажба само на возрасни лица.

Претставникот на БАТ, Ерик Сенси-Минотје изјави дека неговата компанија би ги поздравила правилата за регулација на „никотинските торбички“, но не смета дека треба да бидат целосно забранети.

– Историјата покажува дека прохибиционистичките политики, како забраната на алкохолот и цигарите, не функционираат, туку едноставно ги тераат потрошувачите кон нелегални, нерегулирани и неоданочени производи испорачани од криминални мрежи, кои секако не ги проверуваат личните карти, истакна Сенси-Минотје.

Според Горам, инсистирањето на некои влади за забрана на „никотинските торбички“ може да се објасни со фактот дека е полесно да се воведат ограничувања во „раните фази на раст“ на некој производ. Сепак, тој смета дека мотивите зад ваквата идеја не е само загриженоста за можните последици по здравјето од „никотинските торбички“.

– Скептикот во мене вели дека даночниот прилив од тутунот е многу атрактивен и сите влади се борат да ги балансираат приходите. Мислам дека размислувањето овде оди во правец дека ако рано забраните нов продукт, ќе ги задржите даночните приходи од цигарите, заклучи Горам.

Next Post

Автобусите за време на божиќните празници ќе сообраќаат по неделен возен ред

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk