„Секоја пропагандна тактика има свое огледало во воената. Оваа тактика во антизападните пропагандни гласила кај нас, ме потсетува на сториите за тоа како дејствувале српските снајперисти при опсадата на Сараево (1992-1996).
„По долгото демнење, тие одбирале момент кога некој од цивилите ќе се најде на бришан простор. Го погодуваат со својот куршум, но не фатално, туку само да го онеспособат да се движи.
Тогаш, кога ќе му пријдат луѓето да му помогнат, тие „на тацна“ добиваат нови мети. На тој начин, паднале жртви многу луѓе, меѓу кои и голем број жени и деца. За жал, мојата сараевска сторија не е единствената во светот.“
Извадок од колумната „Снајперисти со врзани очи“, од Џабир Дерала, објавена во ЦИВИЛ Медиа на 25 декември, 2023 година.