ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците усвоија 27 амандмани за Предлог законот за македонски јазик

January 10, 2024 16:30
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска на седницата на Комисијата за култура усвоија вкупно 27 од 65 поднесени амандмани за Предлог законот за македонски јазик.

Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба во јавната и во службената комуникација, почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во таа насока.

Со новиот закон, според предлагачот, ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа,  службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката.

Првата точка која беше на дневен ред на седницата, а се однесуваше на активностите за подготовка на Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2024 година, веднаш беше затворена бидејќи рокот за кој беа дадени предлог заклучоците е поминат, и не се исполнети условите за гласање по истите.

Министерката за Култура Бисера Костадиновска Стојчевска, во интервју за Фронтлај во декември минатата година истакна дека во собраниска процедура се и двата закони и очекува и двата да бидат изгласани час поскоро.

„Во комуникација сум со пратениците и очекувам до крај на годината да биде изгласан, односно во следните две недели да добиеме нов Закон за употребата на македонскиот јазик. Ги охрабрувам пратениците ова важно прашање да не се одлага ни ден повеќе. Пред пратениците е целосно нов текст за Законот за употреба на македонски јазик, кој не е променет од 1998 година. Јазикот е жива материја и кога зборуваме од оваа временска перспектива тој не одговара на предвидените законски регулативи од 1998. Затоа на ова законско решение треба секој пратеник да покаже посебна одговорност и внимание, како еден од темелите на нашето културно и духовно богаство. Законот ги проширува областите во кои задолжително ќе се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ова ќе подвлече да се прошири опсегот на задолжително лекторирани текстови што се објавуваат, зајанувајќи ја улогата на лекторите и нивната задолжителна присутноста во институциите“, рече Костадиновска Стојчевска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Предлог законот за македонски јазикСобрание

НАЈНОВО

Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

July 13, 2025

(ВИДЕО) Синер го победи Алкараз за прв трофеј на Вимблдон

July 13, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk