Во денешните израелски напади е погодена и запалена електрична централа во областа Буреиџ, во централна Газа, што е витален објект за снабдување со електрична енергија, пренесе Ал Џезира.
Во нападот сериозно се оштетени сите четири генератори и физичката инфраструктура околу централата.
Катарската телевизија наведува дека тоа дополнително ќе го отежне снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа и ќе ги влоши и онака неподносливите услови за живот.