ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис: Предлог-законот за истополови бракови нема да вклучува сурогат мајчинство

January 11, 2024 09:12
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Законот што ќе го донесеме е еднаквост во бракот, односно, елиминирање на секаква дискриминација врз основа на сексуална ориентација во однос на стапувањето во брачна заедница, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, со што, како што и беше најавено, јавно ја отвори дискусијата за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека законот ќе се однесува на граѓански брак, а не на верски, но и посочи дека нема да биде дозволено сурогат мајчинството.

-Она што воопшто нема да го допреме е статусот на асистирана репродукција. Овој концепт, односно жените по потреба да се претвораат во машини за правење бебиња, како што рече лидерот на опозицијата, „Сакам момче и не ми е гајле кој ќе го роди“, тоа нема да се случи, рече Мицотакис.

Сепак истакна дека децата кои живеат и растат во истополова заедница, потребно е да имаат еднакви права, во случај еден од родителите да почине, за детето да не мора да биде згрижено во дом или институција.

Посочи дека тој лично сака дискусијата за конкретното прашање да созрее во општеството, па потоа законот да го донесе на седница на Влада.

Со оглед на тоа дека постојат пратеници од Нова демократија кои се против законот, Мицотакис објасни дека нема да им наметне „партиска дисциплина“ и секој ќе гласа слободно.

Tags: законистополови браковиМицотакиссурогат мајчинство
Next Post

Во Хаг денеска почнува процесот против Израел по тужба од ЈАР поради вршење геноцид во Газа

НАЈНОВО

Пријавени 13 кандидати за претседател на ДКСК, ќе се одлучува по локалните избори

August 18, 2025
Борче Стаменов

Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

August 18, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Триесет и трети роденден на Армијата – 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk