ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Апелирам сите пратеници да гласаат за Законот за употребата на македонски јазик

January 15, 2024 15:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во денешното гостување во утринската програма на Македонската радиотелевизија, „Македонија наутро“, уште еднаш апелираше Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што поскоро да се најде на дневен ред на Собранието и истиот да биде изгласан од пратениците од сите пратенички групи.

Одговарајќи на новинарско прашање таа ја појасни важноста од донесувањето на Законот за  употреба на македонскиот јазик како законска рамка за уредување, развој и правилна употреба на македонскиот јазик и  неговото кирилско писмо, нешто што сме обврзани да го направиме.

„Со усвојувањето на  Законот ќе се воспостават механизми за негова правилна употреба, потоа во секоја институција што работи со излезни документи  ќе се вработи лектор, а ќе биде формиран и Инспекторат кој ќе ја следи правилната употреба на македонскиот јазик“, рече министерката за култура.

Таа потсети дека минатата недела помина и второто читање на Предлог -законот за употреба на македонскиот јазик за кој веќе беше дискутирано и на повеќе јавни дебати и емисии. Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска  посочи дека на комисиската расправа беа усвоени 27 амандмани, а што се однесува до оние амандмани кои беа одбиени, меѓу кои и барањето поимот „македонистика“ да се внесе во законот,  таа појасни дека не се зборува за Закон за наука за јазикот, туку за Закон за употребата на македонскиот јазик.

„ Македонистиката ги опфаќа и литературата, културата, фолклорот, затоа сметаме дека во овој Закон со кого строго сме фокусирани на унапредување на употребата на македонскиот јазик, не би требало да се проширува и оптоварува со други прашања во однос на јазикот, рече Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска во утринската програма „Македонија наутро“ појасни и дека од овој Закон произлегуваат и повеќе иницијативи како што се стипендирање на кадри во сите степени во високото образование,  како и  зголемување на фондот на часови по македонски јазик. Вооедно преку овој закон се создаваат услови за уредување и на други сродни закони како и за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик.

Next Post

За корупција зборуваат, корупција прават

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk