ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Финансиската полиција врши проверки за случајот со обид за измама со поврат на ДДВ од нафтени компании

January 16, 2024 16:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека доставила Известување до надлежното јавно обвинителство во врска со информациите со кои располага до овој момент во однос на предметот со  нафтени компании кои со лажни фактури се обиделе да го оштетат државниот Буџет, а за кој вчера детали изнесе Управата за јавни приходи.  Најавува дека  по комплетирање на проверките  ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот јавен обвинител.

Управата за финансиска полиција наведува дека за конкретниот предмет активно соработува со Управата за јавни приходи.

-Од страна на Управата за финансиска полиција се превземаат мерки и активности кои се однесуваат на утврдување на сомненија за сторени кривични дела во нејзина надлежност. Согласно Законот за кривична постапка доставено е Известување до надлежното јавно обвинителство во врска со информациите со кои располагаме до овој момент. Имајќи во предвид дека сите дејствија преземени во предистражната постапка, согласно член 289 од Законот за кривична постапка, се сметаат за тајна, за добиените пријави и сознанија на евентуално сторени инкриминирани дејствија од страна на физички и правни лица, по комплетирање на проверките Управата за финансиска полиција ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот јавен обвинител, наведува Упрвата за финансиска полиција во соопштение.

УЈП вчера објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход, во износ од 160.117.130 денари, односно 18. 969.998 денари. За овие случаи  како што рекоа од УЈП, доставиле писмени пријави со докази до Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година. 

Директорката на УЈП во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека „поради законска забрана од 2006 година УЈП не може да ги соопштиме имињата на даночните измамници.

„Даночна тајна“  е во Законот за даночна постапка уште од 2006 година.  И многупати недисциплираните, злосторничките здруженија и бизнис функционирањето меѓу компаниите не можеме да го објавиме поради обврската по овој закон.  Листата на должници исто така е предвидена во законот за даночна постапка, дека можеме да ги објавуваме износите кои што ги должат должниците и нивните имиња. Транспарентноста според оваа „даночна тајна“ е ограничена,“ рече директорката на Управата за јавни работи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Топ Тема на ТВ Телма.

Таа информираше дека за случаите со трите компании не станува збор за големи компании туку за мали и средни. Додека добавувачите се големи и средни компании.

Поврзано:

Лукаревска: Јавноста ќе слушне за мрежата на нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да испумпаат пари од буџетот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: УЈПФинансиска полиција

НАЈНОВО

фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk