ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

ПОЛИТИЧКИ НЕПОДОБНИ: Под огнот на милитантната десничарска политика и пропаганда

January 16, 2024 13:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Политички мотивираните постапки и притисоци врз луѓето се интензивираат. Во неколку општини во Скопје, каде што на власт се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето означени како „политички неподобни“ се деградираат и се разместуваат на оддалечени места. Се води вистинска хајка против сите за кои локалните вмровски властодршци се сомневаат дека не мислат исто како нив. Освен уназадувања и распоредување на апсурдни работни места, тие се мета и на навреди и закани.

И додека централната власт веќе со години се расфрла со позиции и унапредувања на потврдени протагонисти на авторитарниот режим кој падна во 2017 година, и прават разни други компромиси со своите политички ривали, партиските војници и началници на ВМРО-ДПМНЕ (и партиите слични на нив) веќе со месеци не ги оставаат луѓето на мира.

Милитантно однесување

Партиските активисти и тролови на десницата се закануваат насекаде – на работните места, во кафеаните, на интернет. Нивните напади (засега) се вербални – навреди, клевети, омраза и закани – како во „најславното“ време од режимот кога во нивни раце беше централната власт.

Забележлива е пропагандата со која се задоени партиските пешадинци кои се инструирани, а повеќето се и убедени, дека „работата е готова“, па шират триумфализам. Нема потреба од еуфемизам – нивното однесување може да се опише како милитантно. Заканите во стилот на „народот ќе пресуди“, со затвори и линч е милитантно однесување.

Полудени се!

Се разбира, во познат стил, тие ги користат сите можности што им се на располагање и конкретно да го загорчуваат животот на луѓето во кои се сомневаат дека на „истата линија“.

Поголем дел од малтретираните, политички „неподобни“, со кои тимот на ЦИВИЛ е во комуникација, не се осмелуваат да зборуваат јавно.

„Полудени се!“ – вели еден деградиран службеник во една скопска општина – „се плашиме од одмазда.“

Јавен линч и закани со убиство

Неброени се извештаите и анализите за националистичките, антизападни и проруски пропагандисти им се закануваат на интелектуалци, новинари, активисти и политичари. Нивниот вокабулар е грд и вулгарен, а мора да се спомене и нивната неписменост, бидејќи нивната мантеа е „заштита“ на идентитетот и јазикот. Како тоа не знаат една реченица да состават како што треба, а го „бранат“ јазикот!?

Познатите пропагандисти веќе со години се занимаваат со изработка на „листи за егзекуција“. Во тој контекст, добро е да се потсети јавноста и на случајот во кој еден партиски активист јавно му се закани со куршум на потписникот на овие редови. („Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“)

Закана за изборниот процес

Директната злоупотреба на власта во локалните институции за да се изврши предизборен политички притисок врз луѓето е сериозна закана за изборниот процес. Институциите на државата имаат обврска да ги заштитат луѓето по сите основи, како нивното достоинство и работнички права, така и правото на слободно изразување и политичко убедување. И неспроведување на законите е кршење на законите.

Колку изборниот процес ќе биде демократски зависи (и) од тоа како политичките партии се однесуваат токму во овој период, не само на денот на гласањето. Ако злоупотребите и малтретирањето ги гледаме на локално ниво, може само да се претпостави како тоа ќе изгледа кога централната власт ќе ја преземе „техничката“ влада во која овие структури ќе добијат уште повеќе реална моќ во државата. Ги видовме во 2020 година, а сега може да очекуваме само уште полошо однесување и постапки.

Стоп за политичките притисоци! Човековите права и слободи мора да бидат заштитени! 

Малтретирањето на политички „наподобните“ е неприфатливо и мора да наиде на остра јавна осуда, но и законски санкции. Мора да се стави крај за политичките притисоци, закани и малтретирање. Несфатливо е како милитантната пропаганда стана секојдневие.

Човековите права и слободи мора да бидат заштитени! Тоа е обврска на државата и институциите, но и одговорност на политичките партии, академијата, медиумите и граѓанското општество.

Сè додека „разбирањето“ на опсесиите на полудените за власт се смета за политички дијалог, обичните смртници ќе страдаат во вкрстениот политички оган. Животот станува неподнослив кога луѓето се под притисоци и закани, се плашат за својата кариера или работно место, им се загрозува основната егзистенција и се плашат за својата безбедност и живот. Има некој во државата што се занимава со овие прашања!?


Текстот е личен став на Авторот. Атрибуција: ЦИВИЛ МЕДИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

July 13, 2025

(ВИДЕО) Синер го победи Алкараз за прв трофеј на Вимблдон

July 13, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk