ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Гир – Дамева, истакната важноста на независноста во работењето на Судскиот совет

Евроамбасадор Дејвид Гир денеска на средба со претседателката на Судскиот совет (СС) Весна Дамева, како што соопшти СС, ја поздравил одлуката на Управниот суд и дал поддршка во нејзиното понатамошно постапување, како и во идните активности и заложби на Советот, со цел да се обезбеди владеење на правото и враќање на довербата на граѓаните.

January 16, 2024 21:09
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Евроамбасадор Дејвид Гир денеска на средба со претседателката на Судскиот совет (СС)  Весна Дамева, како што соопшти СС, ја поздравил одлуката на Управниот суд и дал поддршка  во нејзиното понатамошно постапување, како и во идните активности и заложби  на  Советот, со цел да се обезбеди владеење на правото и враќање на довербата на граѓаните.

-Амбасадорот Гир посебно се осврна на препораките на Европската комисија (ЕК), потенцирајќи дека 17 од 40-те препораки  содржани во Извештајот на Оценската мисија на ЕК, можат веднаш да се спроведат, бидејќи се краткорочни, не бараат уставни и законски измени, и зависат од самиот Судски совет, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Судскиот совет.

Дамева го информирала Гир дека уште во текот на наредната недела ќе се одржи работилница финансирана во рамки на ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на која ќе се разгледуваат и донесат заклучоци за секоја од препораките на Оценската мисија.

Амбасадорот Гир, стои во соопштението, изрази надеж дека Судскиот совет  ќе пристапи и кон реализација на активностите содржани во новата Стратегија за правосудството, кои во значаен дел се однесуваат и на натамошното функционирање на Судскиот совет.

Средба со Дамева по нејзиното повторно враќање на претседателската функција во Судскиот совет денеска имаше и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп кој порачал дека Советот повторно може да смета на помошта од Холандија.

-Амбасадорот Дирк Јан Коп денеска се сретна со Весна Дамева, претседател на Судскиот совет (СС). Амбасадорот Коп е задоволен што Судскиот совет повторно е правен субјект. Сега е од големо значење и итност да се започне со враќање на довербата на јавноста и меѓународната заедница во Судскиот совет, стои во објавата на фејсбук профилот на Амбасадата на Холандија, а за средбата информираше и Судскиот совет на својата веб-страница.

Дамева дала преглед на начинот на кој на транспарентен начин ќе ги имплементира препораките на Оценката мисијата на Европската унија.

-Холандија сега силно ќе размисли за рестартирање на проектот со Судскиот совет кој беше суспендиран во мај минатата година, наведоа од Амбасадата на Холандија.

Весна Дамева се врати на претседателското место во Судскиот совет на 4 јануари, а по пресудата на Управниот суд дека не се образложени причините поради кои таа претходно беше разрешена. Критики кон Советот во изминатиот период упати амбасадор Коп, а коментирајќи ги случувањата во Судскиот совет во постапувањето на ова тело во однос на политичките притисоци врз Врховниот суд, амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер лани изјави дека СС не успеал во целост да ги исполни своите законски обврски.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата со консензус, едногласно, ги одобри измените на законот со кои американските и британските црни листи стануваат основа за санкционирање

НАЈНОВО

САД предложија нацрт-резолуција во ОН за мировниот план на Трамп во Газа

November 6, 2025

Протест пред Парламентот во Тирана: Граѓаните бараат да не се изгласа контроверзниот Предлог-закон за родова еднаквост

November 6, 2025
Фото: Скриншот

Уште една жртва од пожарот во Домот за пензионери во Тузла, бројката се искачи на 12

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk