Принцезата од Велс имала планирана операција на абдоменот во приватна болница во Лондон, соопштија од Кенсингтонската палата, пренесува Би-Би-Си.
Операцијата во вторникот беше успешна и таа ќе остане во болница од десет до 14 дена, соопшти палатата.
Оттаму истакнуваат дека принцезата Кејт Мидлтон (42) сака да се извини за одложувањето на претстојните обврски.
Врз основа на сегашните медицински совети, таа најверојатно нема да се врати на јавните обврски до Велигден, се вели во соопштението.
„Нејзиното кралско височество, принцезата од Велс, вчера беше примена во Лондонската клиника за планирана операција на абдоменот. Операцијата беше успешна и се очекува таа да остане во болница десет до четиринаесет дена, пред да се врати дома за да продолжи да закрепнува“, се наведува во соопштението.