ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Архива Градска.мк: Камион на општина Ѓорче Петров истура отпад во Орман

January 18, 2024 16:22
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во мај годинава редакцијата на Градска.мк пишуваше дека на територија на општина Ѓорче Петров во Орман, во околината на реката Лепенец се создава нова депонија со секаков вид на отпад.

Според видеото на Градска.мк, општинскиот камион со ангажирани општински работници секој ден собира градежен шут, но и друг отпад и го пренесува токму на оваа нова депонија во Орман.

Градоначалникот Александар Стојковски  ја укина телефонската линија преку која граѓаните можеа да пријават дека имаат градежен шут за подигање, па така сега уште поголем неред се прави бидејќи сите го оставаат шутот до контејнерите, а општината го собира, но очигледно го носи токму на новата депонија.

Стојковски во предизборната кампања на локалните избори ветуваше чиста животна средина и отстранување на депониите, заедно со кандидатката на ВМРО- ДПМНЕ, скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна “Програма за модерно Скопје” во 2021 година која пред граѓаните се обврза дека ќе ги исчисти сите диви депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

“Дивите депонии се сериозна закана за животот на скопјани и голем проблем со кој се соочуваме со години. Затоа, за чист воздух над Скопје, за обезбедување чист воздух за сите нас, поставивме приоритет – чистење на сите депонии во градот и во околината на Скопје во првите 82 дена од мандатот. Со решителност, со работа и непоколебливост ќе се избориме за тоа што ни е неопходно, чист воздух и животна средина“, стои  на страница 15 од „Програмата за модерно Скопје“ на Арсовска.

Ѓубрето во кое се дави Градот покажува дека не само што не се најде решение за старите депонии, туку и не се прави ништо да се спречи создавањето на нови кои секојдневно никнуваат.

“ Јас, за два месеци колку што сум надвор во секое населено место успеав да видам над стотина диви депонии, големи диви депонии коишто не само што согоруваат отпад туку согоруваат и опасен отпад, да ги детектирам, да ги фотографирам, да ги мапирам не само како индивидуа туку и со граѓаните на сите овие населени места. И верувајте ми не случајно ставив дека во првите 82 дена од својот мандат ќе бидат овие диви депонии расчистени“ изјави  Арсовска во 2021 додека зад неа на предизборните митинзи стоеја најголем дел од денешните скопски градоначалници меѓу кои и градоначалникот на Ѓорче Петров, Стојковски.

Покрај ветувањето за чисти и модерни општини се најавуваа и сериони казни за лицата кои што ја загрозуваат животната средина.

Одговорност и денеска нема.

А што велат Законите, какви се казните?

Законот за заштита на животната средина, Законот за управување со отпад и Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат депониите, ги определуваат основните стандарди што треба да ги исполнува една депонија, во кои влегуваат местоположбата, заштита на почвата и на водата од загадување, контрола на депонискиот гас и намалување на опасностите кои произлегуваат од самата депонија.

За отстранување на депониите е надлежна локалната самоуправа, со тоа што Министерството за животна средина и просторно планирање на барање на општините секоја година издвојува одредена сума за чистење на овие депонии.

Членот 144 од Законот за управување со отпад ги обврува градоначалниците на општините и градоначалникот на Град Скопје во рок од една година по усвојување на законот да ги затворат и рекултивираат сите диви депонии, а општинските инспектори за животна средина според членот 129 треба да вршат увид и контрола дали отпадот е исфрлен, оставен, спален, напуштен или отстранет на начин спротивен на законот. Доколку се утврди непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, овластените инспректори треба да издадат усна наредба за итно отстранување на утврдените недостатоци кои записнички ги констатираат во соработка со Државниот-санитарно здравствен инспекторат.

Исто така тие треба да го известат Државниот инспекторат за животна средина и другите надлежни инспектори или државни органи за утврдените неправилности и да побараат нивна интервенција.

Обврската за увид и контрола дали отпадот е исфрлен, оставен, спален, напуштен или отстранет на начин спротивен на овој закон, генерално е под надлежност на градоначалникот на општините и градоначалникот на Град Скопје.

Идејата за модерно Скопје со модерни општини, денес е нешто што е далеку од сите нас.

Екологијата е ставена на некоја споредна страна зад патиските препукувања и интереси, зад градежната офанзива и урбаната мафија, зад секојдневото разрешување и именување на директори. Таа не во интерес на никој и веројатно нема да биде до некои следни предизборни ветувања.

Останува на граѓаните веројатно сами да се изборат за правото на чиста животна средина.

Дивите депонии не се само кршење на законите туку и кршење на основните права на човекот за чиста животна средина. Ова приказна е само една од многуте приказни како овие права се кршат. Останува да се види дали сторитлите ќе бидат санкционирани.

На прашањата испратени до општината и денеска редакцијата на Градска.мк нема одговори.

Извор: Градска.мк

Next Post
Фото: МИА

Бауер: НАТО не ги остава своите партнери сами да се соочуваат со предизвиците и заканите

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk