ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Националниот џез oркестар одржа прв концерт насловен JAZZ NOVA

January 24, 2024 13:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На сцената на Националната опера и балет синоќа своj прв концерт насловен JAZZ NOVA одржа новоформираниот Национален џез oркестар  под диригентската палка на Џијан Емин, кој во изминатите седум години работеше како Здружение на џез музичари „БИГ БЕНД“, а  со одлука на Владата доби статус на Национален џез оркестар. На првиот концерт беа застапени аранжмани од  македонски автори како Шпато, Илија Пејовски, Владимир Николов и Александар Пејовски, како и композиции од членовите на оркестарот: Гордан Спасовски кој свири пијано и клавијатури и директорот на оркестарот Гоце Стевковски, од Сашко Николовски кој свири прв тромбон, од диригентот  Џијан Емин, од Трајче Велков кој свири труба. Визуелизацијата за концертот е на Емил Петров.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на свеченото отворање им посака успешна работа. Потенцира дека со многу љубов, разбирање, работа, почит и визија стигнале до првиот официјален концерт на новоформираната национална установа од областа на културата Националниот џез оркестар.

-Токму овие музичари со нивното страсно музичко дејствување и влијание ја наметнаа потребата  од формирање на државен Биг бенд. Нивната работа ја продолжува традицијата што ја носат нашите музичка култура што ја имаше телевизискиот оркестар на МРТ. Благодарност кон основоположниците на овој жанр од сегашните генерации и младите кои се школуваа во овој музички стил, од срце им честитам и неизмерно му се радувам на новиот почеток на џез оркестарот. Уверена сум дека овие музичари познати во регионот ќе посегнат и кон врвот на светската џез сцена, истакна министерката Костадиновска Стојчевска.

Воедно најави дека на тој план ќе ги подржат како Министерство и како Влада.

По концертот директорот на Националниот џез оркестар Гоце Стевковски за МИА изјави дека формирањето на оркестарот  е резултат на работата на индивидуален и заеднички труд на повеќе музичари кој пред седум години започна со формирањето на Здружението на џез музичари, потоа преку Биг бендот и на крај со одлука на Влада доби статус на Национален џез оркестар.

-Решивме почетокот да го одбележиме со македонски композитори, а во иднина на нашите концерти ќе свириме и Френк Синатра и многу познати светски џез автори, со што публиката ќе ужива, најави директорот Стевковски.

Информира дека освен во Скопје ќе имаат концерти и во Центрите-Домовите  за култура во градовите низ земјава, а со цел публиката да може одблиску  да ги запознае.

Сенад Усеин кој свири труба во оркестарот за МИА вели дека како музичар кој работеше во бендот е пресреќен што се формира Национачниот џез оркестар чиј член е и тој.

-Огромен труд кој беше вложен конечно се оствари со нашиот прв концерт на Националниот џез оркестар. Благодарност до министерката и нашиот директор Гоце Стевковски и сите наши соработници кои ни помогнаа да се оствари овој чекор, а се  што следува понатаму со нетрпение го очекуваме, истакна Усеин.

Трајче Велков прва труба во оркестарот чија  композиција беше изведена на концертот исто така истакна дека е пресреќен што по седум години работа на бендот конечно е формиран Национален џез оркестар.

Тој информира дека нивните концерти  се многу посетени што за нив е огромно задоволство. Очекуваат наскоро да работат во просторијата на поранешната Килимара во Националната опера и балет, што им беш доделена од министерството пред нова година.

Еден од доајените на македонската џез музика и член на поранешниот џез оркестар на МРТ Радослав Шутевски за МИА, истакна дека е еден од првите подржувачи на овој Национален џез оркестар.

-Овој оркестар ни недостасуваше, порано го имавме во МРТ, но повеќего нема. Овие млади талентирани школувани  џез музичари се’ и ќе бидат продолжувачи на тој веќе непостоечкиот џез оркестар на МРТ и  им посакувам врвни успеси, потенцира Шутевски, кој 30 години е член на групата  „Синтезис“.

Tags: JAZZ NOVAНационален џез oркестар
Next Post

Орданоски: ВМРО-ДПМНЕ го проблематизираат Џафери кој беше министер за одбрана во нивната Влада и тогаш не им беше проблем

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk