ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влезот на „Луфтханза“ во „ИТА Ервејс“ под истрага на Еврокомисијата

January 24, 2024 10:13
in ДЕНЕС, СВЕТ

Европската комисија започна истрага за проверка на усогласеноста со Регулативата за здружување на ЕУ на најавената заедничка сопственост на италијанската авиокомпанија „ИТА Ервејс“ од страна на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и Министерството за економија и финансии на Италија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Еврокомисијата соопшти дека истрагата е покрената поради нејзината „прелиминарна загриженост“ дека трансакцијата може да ја намали конкуренцијата на пазарот за услуги за воздушен превоз на патници на неколку линии на кратки и долги релации во и надвор од Италија.

„Луфтханза“ и ИТА оперираат на широка мрежа на рути на кратки дестинации во рамките на Европската економска област (ЕЕА), како и на линии на долги релации меѓу Европа и остатокот од светот. „Луфтханза“ има заедничка групација со американската „Јунајтед Ерлајнс“ и „Ер Канада“, преку која се координираат за цените, капацитетите и возниот ред и ги делат приходите на трансатлантските линии.

Според ЕК, „Луфтханза“ и ИТА се конкуренти во обезбедувањето на услуги за воздушниот превоз на патници на одредени линии, па постои загриженост дека преземањето може да ја намали конкуренцијата на кратки релации од Италија до земјите од Централна Европа.

– На одредени такви линии, „Луфтханза“ и „ИТА“ се директни ривали со ограничена конкуренција, првенствено од нискобуџетните авиопревозници, како што е „Рајанер“, кои најчесто оперираат од пооддалечени аеродроми. Покрај тоа, Комисијата ќе ги испита и линиите на кои едната од страните веќе нуди услуги, а другата се очекува да започне наскоро, како и оние каде што летовите се ограничени или ги нуди само другата страна, посочува Комисијата.

Во однос на долгите релации меѓу Италија и Северна Америка, ЕК дополнително ќе процени дали по евентуалното спојување летовите на ИТА, „Луфтханза“ и нејзините партнери „Јунајтед Ерлајнс“ и „Ер Канада“ треба да се третираат како активности на еден субјект.

– Трансакцијата би можела да ја намали конкурентноста на одредени долги релации од Италија до САД, Канада, Јапонија и Индија, поради ривалството меѓу ИТА, „Луфтханза“ и нејзините партнерите, како и поради потенцијално ограничената конкуренција од други авиокомпании со атрактивни линии, смета Еврокомисијата.

Дополнително се проценува дека спојувањето би можело да ја зајакне доминантната позиција на ИТА на аеродромот „Милано-Линате“, што би им отежнало на ривалите да обезбедуваат услуги за воздушен превоз на патници од и до Милано.

За преземањето Комисијата била информирана на 30 ноември минатата година, а на 8 овој месец „Луфтханза“ и доставила информации за некои нејзини прелиминарни грижи. Сепак, ЕК процени дека овие информации се недоволни за јасно да се отстранат нејзините грижи и затоа реши да ја покрене истрагата.

Сега Еврокомисијата има рок од 90 работни дена за завршување на истрагата, односно најдоцна до 6 јуни.

ИТА е формирана од страна на италијанската држава во октомври 2020 година, како авиокомпанија за домашен и меѓународен патнички и карго воздушен транспорт. Компанијата е членка на авиоалијансата „СкајТим“ и нејзини главни центри се Рим и Милано.

Германската „Луфтханза“ е глобален превозник на домашни и меѓународни летови во патничкиот и товарниот транспорт, со центри во Франкфурт, Минхен, Цирих, Виена и Брисел. Нејзини подружници се авикомпаниите „Аустриан Ерлајнс“, „Брисел Ерлајнс“, „Јуровингс“, „Свис Интернешанл Ерлајнс“ и „Ер Доломити“. „Луфтханза“ е членка на групацијата „Стар Алијанс“ заедно со „Јунајтед Ерлајнс“ и „Ер Канада“.

Италијанското Министерство за економија и финансии, кое ги извршува задачите и одговорностите на Владата на Италија во областа на економската, финансиската и даночната политика и буџетирањето, поседува акции во италијански јавни и стратешки компании активни ширум светот, меѓу кои и во транспортниот сектор. Во моментов Министерството е единствен акционер во ИТА.

Tags: „Луфтханза“ИстрагаИТА
Next Post

Машиновозачите во Германија го започнаа најдолгиот штрајк досега

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk