Во акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 179 мерки, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од вкупниот број изречени мерки, 20 се за непочитување на брзината на движење, 13 за возење без возачка дозвола, пет мерки за поминување на црвено светло, 15 мерки за користење на мобилен телефон…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.